Наша гордост! Миа Тодорова (18) од Скопје освои злато на Балканското првенство во кикбокс
- Детали
- вторник, 21 јуни 2022
„Чест и задоволство ми е да ги бранам боите на Македонија и да ја претставувам својата држава секогаш во најдобро издание“, вели Миа Тодорова (18) од Скопје за CRNOBELO.com.
Миа Тодорова (18) од Скопје се занимава со кикбокс веќе 5 години.
Таа зад себе веќе има една титула на Балканското првенство во кикбокс, а сега повторно освои злато на Балканско првенство во Краљево.
За CRNOBELO.com Миа вели:
„Ова ми е вторпат да ја освојам титулата на Балканско првенство. Чест и задоволство ми е да ги бранам боите на Македонија и да ја претставувам својата држава секогаш во најдобро издание.“
Повеќе фотографии од нашата талентирана спортистка:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело