Јана Серафимова е најубавата македонска спортска новинарка (фото)
- Детали
- четврток, 24 март 2022
Таа е сестра на еден од македонските фудбалски репрезентативци Никола Серафимов, а ја нарекуваат македонската Дилета Леота - синооката убавица Јана Серафимова ги руши сите предрасуди дека спортското новинарство е само машка професија.
Многумина сметаат дека спортското новинарство е типична „машка“ професија, но Јана Серамифова со емисијата „Ферплеј со Јана“ ги руши сите предрасуди.
Секоја сабота Јана во емисијата говори за актуелните спортски теми, а ја привлекува публиката како со своето спортско познавање, интересни репортажи и забавни гости, така и со прекрасниот изглед.
Во светски рамки, Италијанката Дилета Леота се смета дека е најубавата спортска новинарка која беше меѓу првите што го „скрши мразот“ и покажа дека и жените можат да бидат добри кога станува збор за известувањето од спортските настани и подготвувањето новински содржини на спортски теми, а Македонија може да се пофали со Јана Серафимова.
Убавата Македонка во минатото ја водеше емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, а во последните неколку месеци таа ја води емисијата „Ферплеј со Јана“ на Телма.
Јана е сестра на македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов, кој важи за еден од најдобрите младински фудбалери, а игра за унгарски Залаегерсерг.
Серафимова редовно споделува фотографии на својот Инстаграм профил со Никола, а во август кога тој беше поканет да игра за македонската репрезентација, Јана напиша:
„Чувството е незаменливо кога сам се бориш за секој следен чекор во животот и кариерата. Те сакам братче мое и се гордеам со тебе! Прв повик во Македонска фудбалска репрезентација.“
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Јана:
Б. С. Б. | Црнобело