Спектакуларно отворање на Зимските Олимписки игри: Македонското знаме се вее во Пекинг, пламенот пренесен под вода со роботи (видео)

На националниот стадион „Птичјо гнездо“ со спектакуларен огномет започна церемонијата за свечено отворање на Зимските Олимписки игри. Честа да го носи знамето на Македонија му припадна на скијачот Дардан Дехари.

spektakularno-otvoranje-na-zimskite-olimpiski-igri-makedonskoto-zname-se-vee-vo-peking-plamenot-prenesen-pod-01.jpg

Започнуваат Зимските Олимписки игри во Пекинг. Од денес (04.02) до 20-ти февруари учесниците ќе се натпреваруваат во 15 различни дисциплини.

Со спектакуларен перформанс и огномет беше означен почетокот на Игрите. 

so-spektakularen-ognomet-i-performans-otvoreni-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking-02.jpg

Годинава ќе има вкупно 2.871 спортисти што ќе се натпреваруваат за олимписките медали, а од Македонија во Пекинг отпатуваа тројца претставници.

so-spektakularen-ognomet-i-performans-otvoreni-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking-03.jpg

На годинешната парада на нациите што се одржа според кинеските знаци, први како нација излегоа Грците, Дардан Дехари го носеше македонското знаме, a ќе учествуваат и крос-кантри скијачот Ставре Јада и скијачката Ана Цветановска.

makedonskoto-zname-na-spektakularnoto-otvoranje-na-zimskite-olimpiski-igri-vo-peking-10.jpg

Пред почетокот на Олимписките игри во Пекинг во средата светот можеше да го проследи првото подводно пренесување на олимпискиот пламен што беше направено со помош на два роботи, а патувањето на пламенот во водите на реката Јондинг траеше околу 8 минути.

Погледнете го видеото од пренесувањето на олимпискиот пламен:

Она што е особено карактеристично за годинешните Зимски Олимписки игри е дека ќе се одржуваат целосно на лажен снег.

Британската сноубордерка Кати Ормерод претходно на социјалните мрежи сподели видео на кое може да се види како изгледаат патеките во Пекинг покриени со лажен снег:

Следете го преносот во живо од отворањето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби: Олимписките игри во Париз пред 100 години и денес Знаете ли дека пред 100 години, односно во 1924-та, Олимписките игри се одржувал...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
2 златни, 6 сребрени – Македонци кои освоиле медали на Олимписките игри Како независна земја, Македонија двапати има освоено олимписки медал. Но, многу ...
„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
Дедо ѝ ја посвоил бидејќи мајка ѝ била алкохоличар, висока е 142 cm – Факти за Симон Бајлс, најпозна... Симон Бајлс има освоено осум олимписки медали, од кои пет се златни, но вели дек...
Шпионирање со дрон, силувач во одбојкарскиот тим на Холандија – Најголемите скандали од Олимписки иг... Иако Франција потроши 1,5 милијарди долари за да ја исчисти Сена во Париз, плива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg