2 златни, 6 сребрени – Македонци кои освоиле медали на Олимписките игри
- Детали
- понеделник, 12 август 2024
Како независна земја, Македонија двапати има освоено олимписки медал. Но, многу Македонци се натпреварувале на Олимписки игри како дел од репрезентацијата на Југославија и дел од нив освоиле медали, некои и по два.
Како независна држава, Македонија првпат имала учесници на Олимписките игри во 1992 година.
А, од 1920 до 1992 година, македонските претставници настапувале како дел од репрезентацијата на Југославија.
И, низ годините, Македонците освоиле повеќе од 10 олимписки медали.
Како независна држава, Македонија има освоено два олимписки медала – еден златен и еден сребрен.
Па, кои Македонци имаат освоено олимписки медали?
Благоја Видиниќ
Фудбалерот Благоја Видиниќ двапати бил на Олимпијада – во 1956 и 1960 – како голман на тимот од Југославија.
И, двапати освоил медал – сребрен во 1956-та и златен во 1960-та година.
фото: Фејсбук
Шабан Трстена
И борачот Шабан Трстена настапувал како дел од репрезентацијата на Југославија.
Учествувал на Олимписките игри во 1984-та, каде освоил злато, како и на Игрите во 1988-та, каде освоил сребро.
Тој го освоил златниот медал на само 19 години.
фото: Фејсбук
Реџеп Реџеповски
Боксерот Реџеп Реџеповски се натпреварувал на Олимписките игри во 1984 година, претставувајќи ја Југославија.
Тогаш освоил сребрен медал.
фото: Фејсбук
Стојна Вангеловска
Кошаркараката Стојна Вангеловска има освоено сребро на Олимписките игри во 1988 година, како дел од кошаркарската репрезентација на Југославија.
Засега, таа е единствената Македонка која освоила сребро на Летни олимписки игри.
фото: Фејсбук
Дејан Георгиевски
Таеквондистот Дејан Георгиевски се натпреваруваше на Олимписки игри во 2020, односно во 2021 година, каде што освои сребро.
Аце Русевски
Боксерот Аце Русевски ја претставувал Југославија на Олимписките игри во 1976 година.
И, таму освоил бронза.
фото: Фејсбук
Шабан Сеиди
Борачот Шабан Сеиди има освоено два бронзени медали – еден во 1980 и еден во 1984 година.
Тој настапувал како дел од репрезентацијата на Југославија.
фото: Фејсбук
Милко Ѓуровски
Фудбалерот Милко Ѓуровски бил дел од фудбалскиот тим на Југославија на Игрите во 1984 година, каде што освоил бронза.
фото: Фејсбук
Могамед Ибрагимов
Македонскиот борач, кој има потекло од Дагестан, е првиот Македонец кој освоил олимписки медал за Македонија како независна држава.
Тој се натпреваруваше на игрите во 2000 година и освои бронза.
фото: Википедија
Спирова С. | Црнобело