Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шевченко во Реал Мадрид ?

sevcenko-vo-real-povekjeРеал Мадрид пројавува сериозен интерес кон Андреј Шевченко откако по повредата на Руд Ван Нистелрој се во сериозна потрага по напаѓач. Украинецот...

 

...е добра варијанта бидејќи може да учествува и во Лигата на шампионите, a натпреварите со Милан во Купот на УЕФА не претставуваат sevcenko-real2никаква пречка.

Кај "росоњерите" украинецот исто така ретко влегува во игра, што може да го натера да ја прифати евентуалната понуда од Мадрид. А и очекуваното доаѓање на Дејвид Бекам во јануари во клубот, иако на позајмица, може да го форсира напуштањето на Шева.

Весникот „Марка“ во најновиот број донесува текст во кој се вели дека Адријано Галијани и Предраг Мијатовиќ се добри пријатели и би можел да му го понуди Шевченко, кој и онака не е во плановите на Анчелоти. Украинецот не се наоѓа во добра форма, но реално и не добива многу шанса да се докаже.

Шпанските новинари сметаат дека Шевченко и не би бил лоша инвестиција за играч до крајот на сезоната, ако се знае дека во тимот се очекува да се вратат уште неколкумина повредени. Останува да се почекаат разговорите на двете страни.

Би можело да ве интересира:

Македонската фаланга го обои Вараждин во црвено-жолто - „Бисер балкански“ ечи на СП во ракомет 2025 ... Нашата фан-зона е преплавена со стотици Македонци, се пееја „Бисер балканск...
2 златни, 6 сребрени – Македонци кои освоиле медали на Олимписките игри Како независна земја, Македонија двапати има освоено олимписки медал. Но, многу ...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Долгите нокти ѝ се заштитен знак, често менува фризури – Која е најбрзата жена на светот? Шакри Ричардсон моментално е најбрзата жена во светот а годинава ќе се натпревар...
Шпионирање со дрон, силувач во одбојкарскиот тим на Холандија – Најголемите скандали од Олимписки иг... Иако Франција потроши 1,5 милијарди долари за да ја исчисти Сена во Париз, плива...
Македонските ракометари на прием кај американската амбасадорка со претседателот на РФМ Мукаетов и се... Македонските ракометари, заедно со претседателот на Ракометната федерација на Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg