Долгите нокти ѝ се заштитен знак, често менува фризури – Која е најбрзата жена на светот?
- Детали
- сабота, 20 јули 2024
Шакри Ричардсон моментално е најбрзата жена во светот а годинава ќе се натпреварува и на Олимписките игри. Покрај успесите во спортот, стана препознатлива и по екстремно долгите нокти, но и впечатливите фризури кои ѝ прилегаат одлично.
Шакари Ричардсон е 24-годишна девојка и моментално најдобра светска спринтерка, а важи и за најбрзата жена во светот.
За неа претстои голем месец зашто за неколку недели ќе оди во Париз за да се натпреварува на Олимписките игри.
Шакари Ричардсон била одгледана од нејзината баба Бети и нејзината тетка Шеј Ричардсон. Таа е израсната во Јужен Далас и е доста блиска со нејзиното семејство.
„Без нив, немаше да постојам.
Без баба ми, немаше да постои Шакари Ричардсон. Така што моето семејство е моето сè“, изјави Шакри во 2021 година.
Што знаеме за најбрзата жена на светот?
Препознатлива е по брзината, но и модниот стил
Пред сè, Ричардсон е позната по нејзината брзина, цврстина и посветеност на семејството. Но, обожавателите не можат а да не ја сакаат нејзината коса, долгите нокти и гламурот на и надвор од патеката.
Ричардсон вели дека нејзиниот стил ја одразува идејата дека спортистките сè уште можат да бидат креативни и да ја покажат убавината, притоа покажувајќи талент, сила и напорна работа.
Исхраната ѝ е доста важна
Таа, како и многу спортисти, исклучително се фокусира на нејзината исхрана и приоритет ѝ е да внесе доволно протеини. Наутро сака јајца, а од неодамна пие и протеински пијалаци.
Исто така, сака сушено манго, кикиритки и бадеми.
Ричардсон се натпреварува во спортот уште од нејзината тинејџерска возраст, но нејзините цели не се променети.
Таа тренира со славниот тренер и освојувач на златен олимписки медал, Денис Мичел.
Семејството е огромен приоритет за Ричардсон. Според нејзините изјави, таа најмногу научила од својата баба, која секогаш ја охрабрувала дека треба да има доверба во себе.
Шакари не зборува многу во јавноста за нејзината биолошка мајка, но откри дека починала во 2021 година.
Истата година, Ричардсон беше дисквалификувана од натпреварување на Олимписките игри во Токио, откако беше позитивна на THC, главна психоактивна хемикалија во канабисот.
М. Ѓ. | Црнобело