Македонските ракометари на прием кај американската амбасадорка со претседателот на РФМ Мукаетов и селекторот Лазаров
- Детали
- среда, 19 февруари 2025
Македонските ракометари, заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Живко Мукаетов и селекторот г-дин Кирил Лазаров, беа во посета на амбасадата на САД.
На покана на американската амбасадорка г-ѓа Ангела Агелер, нашиот машки сениорски национален ракометен тим, предводен од раководството, беше на свечен прием во амбасадата на САД.
За време на посетата, претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, ѝ подарија на амбасадорката македонски дрес со нејзиното име и топка рачно потпишана од нашите ракометари кои беа дел од Светското првенство.
Со ова тие се заблагодарија за поддршката која ја добиваат од Амбасадата на САД, а на официјалнта страница објавија неколку фотографии од приемот и напишаа:
„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 .
РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави“.
фото: РФМ
Би можело да ве интересира:





