Сите дресови на фудбалските репрезентации за Светското првенство во Бразил
- Детали
- петок, 23 мај 2014
На овогодинешното Светско првенство во Бразил ќе се натпреваруваат 32 репрезентации од кои 31 веќе ги објавија своите домашни и гостински дресови, освен Босна и Херцеговина која се очекува да ги објави во текот на наредните недели.
Се забележува дека скоро сите модели се со современ стил и изглед, делуваат удобно и од пријатен материјал.
Во однос на дезенот некои репрезентации си го задржале класичниот и препознатлив изглед со многу мали дизајнерски измени.
Додека, некои други имаат целосно нови концептуално осмислени дезени кои сакаат да бидат забележани.
Погледнете ја целата галерија со сите дресови за Светското првенство 2014 година:
Чиј дрес најмногу ви се допаѓа?