Дел Потро го пензионира Родик, Бердих го шокира Федерер
- Детали
- четврток, 06 септември 2012
Првиот светски рекет, најголемиот фаворит за освојување на титулата во Њујорк, Роџер Федерер, учеството на последниот грен слем го заврши во четвртфиналето.
Швајцарецот меѓу гледачите го испрати Чехот Томаш Бердих кој четвфиналниот меч го доби со 3:1 (7:6, 6:4, 3:6, 6:4). Бердих стигна до една од најголемите победи во кариерата, додека индиспонираниот Федерер по прв пат во последните осум години нема да игра најмалку во полуфиналето.
Бердих имаше 30 винери и 21 неизнудена грешка, додека Федерер имаше 44 директни поени и 40 неизнудени грешки.
Чехот во Њујорк ја забележа петтата победа над Федерер во нивниот 16-ти меѓусебен дуел.
Енди Мареј ќе му биде противник на Бердих во полуфиналето на УС Опен. Британецот се провлече во четврфиналето против Марин Чилиќ победувајќи со 3:6, 7:6, 6:2, 6:0. Вториот сет беше клучен за конечниот победник, во него Чилиќ имаше предност од 5:1, но Мареј го доби во тај брејкот.
Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ немаше проблеми против Станислас Вавринка, српскиот тенисер имаше сигурно водство пред Швајцарецот да му го предаде мечот. По 6:4 и 6:1, при резултат 3:1 за Ѓоковиќ, во третиот сет Вавринка го предаде мечот.
Ѓоковиќ во следната рунда ќе игра против поранешниот шампионот Хуан Мартин дел Потро.
Аргентинецот во пензија го испрати Енди Родик, кој по 13 години го напушта професионалниот тенис.
Родик кој во 2003 беше број 1, а истата година го освои УС Опен, во пензија заминува со 612 победи и 213 порази и 32 освоени титули. Делпо мечот го доби со 3:1 (6:7, 7:6, 6:2, 6:4).
„Прв пат во кариерата не знам што да кажам. Уште како дете доаѓав на овој турнир и бев многу среќен што седев на трибините, гледајќи ги шампионите како доаѓаат и замунуваат. Имав подеми и падови во кариерата, ви благодарам на поддршката. Знам дека не ви ги олеснив работите, но јас ве сакам од се срце“, рече по мечот Родик, кој не можеше да ги скрие солзите.
Последниот четвртфиналист е Јанко Типсаревиќ тој во осминафиналето со максимален резултат 3:0 (6:3, 7:6, 6:2) го победи Германецот Филип Колшрајбер. Типсаревиќ во четвртфиналето ќе игра против Давид Ферер.
05.09.2012 (Макфакс)