Браво! Миа Танеска (12) освои злато на таеквондо турнир во Солун и го развеа македонското знаме
- Детали
- среда, 18 декември 2024
Нашата Миа на турнирот настапи во категоријата кадетки од 12 до 13 години, и иако најмлада, го освои златото со пет победи.
Македонската таеквондистка, младата Миа Танеска (12), освои злато на престижниот турнир „10 King of Taekvon-do“ кој се одржа во Солун, Грција.
На турнирот, на кој настапија 1.239 натпреварувачи од 17 земји од светот, Македонија имаше 8 претставници од 4 клуба и тоа ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец - Охрид, МАСТЕР од Охрид, СОНКАЛ од Мислешево - Струга, АХИЛИУС од Скопје.
Во огромната конкуренција, покрај златото на Миа, нашите натпреварувачи освоија и 5 бронзени медали.
12-годишната Миа на турнирот настапи во категоријата кадетки од 12 до 13 години, и иако најмлада, го освои златото со пет победи.
А на подиумот, таа го развиори македонското знаме.
Интересно е што Миа оваа година настапи на неколку турнири и од сите од нив се врати со медал.
А. Ј. | Црнобело