Кајл Вокер на Европско '24 го бодрат и сопругата и љубовницата: Биле најдобри другарки пред аферата, има деца со двете
- Детали
- сабота, 06 јули 2024
Фудбалерот Кајл Вокер, кој беше капитен на својот тим на натпреварот Македонија - Англија во Скопје, најверојатно од трибините на ЕУРО 2024 има поголема поддршка од останатите фудбалери. Причината за ова е што Кајл во Германија го бодрат и сопругата и љубовницата.
Ени Килнер, сопругата на Кајл Вокер е дојдена да го гледа Европското првенство со нивните деца, но во Германија се и вонбрачниот син на Кајл е и неговата поранешна љубовница, Лорин Гудман.
Двете жени беа на трибините во Франкфурт, на првиот натпревар што Англија го играше на ова Европско првенство.
Но, седеа на сосема спротивни страни на теренот, разделени со илјадници луѓе меѓу нив, без можност да се сретнат.
Ени со својот син беше сместена со сопругите и девојките на англиските репрезентативци, а Лорин беше на другата страна со својот дедо и со синот.
Според британските медиуми, сите девојки и сопруги на англиските фудбалери биле предупредени дека Лорин е дојдена на натпреварот, па дека треба да се внимателни за да се избегне евентуална средба и скандал меѓу нив.
Децата на Ени носеа дресови со натписот „тато“, а сличен натпис имаше и на дресот што Лорин му го облече на својот син Каиро (4) - „татичко“.
Како беше откриена љубовната афера на Кајл Вокер?
Фудбалерот на Manchester City од 2022 година е во брак со Ени Килнер. Парот кој има 4 деца, се венча по 12-годишна врска.
Но пред неколку години, Кајл ја изневери Ени со Лорин Гудман, со која има 4-годишен син.
Откако во јавноста се дозна за неверството на фудбалерот, тој призна дека Лорин му била љубовница.
Потоа јавно ѝ се извини на Ени, велејќи дека „донел идиотски одлуки и дека мора да преземе одговорност за своите грешки“.
За работите да бидат полоши, Ени и Лорин биле најдобри другарки, но престанале да комуницираат кога беше откриена аферата.
„Срцето ми пукна кога ми кажа дека ѝ направил дете на мојата најдобра другарка.
Не можам да поверувам дека ризикуваше да го загуби семејството поради тоа. Светот ми се сруши во тој момент“ - рекла Ени подоцна за британските медиуми.
Иако биле разделени некое време, Ени решила да му даде нова шанса на Кајл.
Извори блиски до парот велат дека Ени го сака сопругот и дека веќе нема да се разделат поради нејзината некогашна најдобра другарка, иако, не се противи Кајл да го гледа својот син.
А. Ј. | Црнобело