„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот
- Детали
- петок, 17 ноември 2023
На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација. Синоќа (16.11) на мечот против Уругвај, публиката имаше можност да го види во едно сосема поинакво издание, кога тој влезе во физичка пресметка со фудбалерите на спротивниот тим. „Мора да научат да почитуваат“ – порача тој по крајот на натпреварот.
На социјалните мрежи масовно се споделува видео на кое се гледа како Меси влегува во физичка пресметка со фудбалерите на спротивниот тим на натпреварот.
Во видеото Меси го турка играчот на Уругвај, Матијас Оливера, за време на натпреварот што се одигра во Буенос Аирес.
На теренот, светскиот првак Аргентина загуби од Уругвај со резултат 0-2, но како што може да се види од видеата што се споделуваат, тензијата на теренот била толку голема, што во еден момент дошло и до физичка пресметка.
Според пишувањата во дел од спортските медиуми, инцидентот настанал откако Матијас Оливера се судрил со играчот на Уругвај, Родриго де Пол.
Во рамки на физичката пресметка повеќе од играчите на двата тима се судрија, а фудбалерот Угарте со гестикулации го навреди де Пол.
Подоцна во пресметката се вклучи и Меси, кој се гледа како со лакт го удира Угарте и го држи за врат.
Во изјавата за новинарите, Меси рече:
„Младите луѓе мора да научат да покажат почит кон повозрасните. Ваквите натпревари секогаш се интензивни, но секогаш сме покажувале многу почит. Мора да научат малку“.
На Твитер, пак, корисниците ги обвинуваат судиите што не му досудиле жолт, а ни црвен картон на капитенот на аргентинската репрезентација:
„Да се викаше Роналдо цела недела ќе беше во сите весници.
Не доби црвен картон затоа што се вика Меси“ – стои во дел од коментарите.
Б. С. Б. | Црнобело