Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео)
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2023
„По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на Инстаграм нашата бодибилдерка Мери Акиевска, откако повторно успеа да освои злато на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес.
Во Санта Сузана, Каталонија, се одржа Светското првенство во фитнес и бодибилдинг, а нашата Мери Акиевска оттаму се врати со 4 златни медали.
Ова е третпат Мери да ѝ донесе злато на Македонија, а во своето обраќање таа не ги криеше емоциите.
„Пред сѐ да се заблагодарам на мојот тренер што по третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула.
Кога зборам за 'преголема', сакам да кажам си има своја тежина и уште поголема тежина да се достигне до таа висина и на тој настан... Веќе трета година по ред како одиме на Светско и се враќаме дома со злато“ – напиша Мери до фотките на Инстаграм.
Погледнете го видеото од реакцијата на Мери во моментот кога повторно успеа да ја освои титулата:
Инаку, Мери по третпат си заминува како победник од Светското првенство во бодибилдинг, а таа на Иснтаграм сподели повеќе фотографии од учеството на натпреварот.
Погледнете дел од нив:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм