Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шминка: „И Бог тагува што одам во пензија“

„Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – рече во својот емотивен говор пред публиката Златан Ибрахимовиќ кој со солзи во очите се прости со навивачите на фудбалскиот клуб Милан, но и со својата фудбалска кариера.

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-01.jpg

Во неделата (04.06) фудбалскиот свет беше изненаден кога Златан Ибрахимовиќ по последниот меч на ФК Милан излезе и се прости со публиката.

Фудбалерот со босански корени (41) најави дека се простува со клупскиот фудбал, но и со фудбалската кариера во целост.

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-02_copy.jpg

„Имам многу спомени, премногу емоции на овој стадион. Првиот пат кога дојдов овде ми дадовте среќа, а вториот пат ми дадовте љубов.

Сакам да се заблагодарам на моето семејство и на оние што ми се блиски за нивното трпение и да се заблагодарам на моето второ семејство - соиграчите“ – рече Ибрахимовиќ.

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-03.jpg

Фудбалерот не можеше да ги скрие емоциите во очите затоа што си заминува од кариерата како играч, а како што рече за неговата одлука не знаеле ниту членовите на неговото семејство.

„Ниту моето семејство не знаеше, затоа што сакав кога ќе објавам дека се пензионирам сите да слушнете истовремено“ – рече тој.

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-04.jpg

Во свој стил Златан мораше да внесе по некоја шега во говорот, па така на навивачите на спротивниот клуб Верона кои го исвиркуваа од трибините им порача да продолжат да свиркаат, затоа што ова е најдоброто издание во кое го виделе, а се пошегува и на сопствена сметка:

„Утрово кога станав и видов дека врне, си помислив: ‘Дури и Бог плаче’“ – рече тој.

Прочитајте и Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата средба се скарале за паркинг

Инаку, во светските медиуми се објавени фотографии и од сопругата на Златан Ибрахимовиќ која плаче и ги брише солзите откако тој најави дека се пензионира.

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-05.jpg

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-06.jpg

zlatan-ibrahimovikj-so-solzi-vo-ochite-se-penzionira-od-fudbalot-soprugata-ja-brishe-razmachkanata-shminka-i-bog-taguva-shto-odam-vo-penzija-08.jpg

Прочитајте и Купил црква во која ќе живее по пензионирањето, има остров за лов - Како Златан Ибрахимовиќ ги троши парите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Емотивна сцена на мечот на Рафел Надал: Синчето внимателно гледа, сопругата плаче за загубата Сопругата на Рафаел Надал, Марија Циска Перељо, со солзи во очите ја проследи за...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Надал го одигра последниот меч во кариерата и се збогува со емотивен говор: „Сакам да ме помните как... Откако го изгуби својот последен меч, Рафаел Надал одржа емотивен говор со кој и...
Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg