Џеси Џеј објави фотографија на која е со насолзени очи и тест за бременост во раката. Таа си ја отвори душата дека одлучила да има бебе сама, затоа што дете е сè што си посакувала во животот, но на третиот скен немало срцева реакција. „Ова утро имам чувство како да немам контрола врз моите емоции. Можеби ќе жалам што сум го објавила ова...“, вели таа во емотивната исповед.