Меган Фокс и Машин Ган Кели на шопинг во Солун – ретко појавување на парот со децата (фото)
- Детали
- понеделник, 29 ноември 2021
Меган Фокс и Машин Ган Кели моментално се во Грција, а деновиве беа забележани во Солун заедно со трите синови на актерката и ќерката на музичарот – глетка што е вистинска реткост и покрај тоа што парот е во сериозна врска.
Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели се на семеен одмор во Грција заедно со нивните деца.
35-годишната актерка и 31-годишниот музичар викендов беа забележани на шопинг во Солун. Со нив беа тројцата синови на Меган, како и ќерката на Кели.
Меган беше во лежерно издание со широки тренерки и дуксер, а Кели носеше широки жолти панталони, џемпер и јакна.
Поголемиот дел од времето Меган зборуваше на телефон, држејќи го едното синче за рака, додека другите две одеа со нивната дадилка. Кели, пак, најмногу внимание обрнуваше на неговата ќерка.
Потоа парот влезе и во продавница за накит.
Меган Фокс ги доби трите деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин, од кого се разведе по речиси 11 години брак.
Нивниот развод беше финализиран во октомври годинава, а речиси веднаш откако актерката сподели дека се разделуваат, ја почна врската со Машин Ган Кели.
Некои фанови веруваат дека Меган и го изневерила Брајан со сегашното момче.
Машин Ган Кели ја доби ќерката со поранешната девојка Ема Канон кога имаше 18 години.
Додека Меган честопати е забележувана во јавност со нејзините деца, ќерката на нејзиното момче речиси и да не се појавува во јавност, уште помалку на важни настани кои се дел од музичката индустрија.
Прочитајте повеќе: Машин Ган Кели на црвен тепих со ќерката што ја добил кога имал 18 години: „Јас сум горд татко“
Иако актерката и музичарот велат дека се сродни души и нивната врска е сериозна, вистинска реткост е да ги видиме заедно со нивните деца.
Меган Фокс и Машин Ган Кели на прошетка во Солун со децата:
Спирова С. | Црнобело