По стапките на тато – По Гасол ги учи ќеркичките на Коби Брајант да играат кошарка (фото)
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
Принцезите на Коби – Ванеса Брајант сподели повеќе фотографии од двете најмали ќерки како играат кошарка со нивниот „чичко По“.
Двете најмали ќерки на прерано починатиот кошаркар Коби Брајант, Бјанка (5) и Капри (2) решија да зачекорат по стапките на нивниот татко и да играат кошарка во салата за вежбање на Лејкерси во Лос Анџелес.
Гордата мајка Ванеса Брајант (39) целиот настан го фотографираше и секако фотографиите ги сподели на социјалните мрежи.
„Принцезите на Коби“ – напиша Ванеса до фотографиите.
https://www.instagram.com/p/CWi-LP6PiRO/?utm_source=ig_web_copy_link
Бјанка и Капри имаа можност да играат кошарка заедно со клупскиот колега и најдобриот пријател на нивниот татко По Гасол, кого тие го викаат „чичко По“.
Кошаркарот им покажа на малите девојчиња како изгледа да си многу висок и лесно да можеш да го стигнеш кошот, а освен двете ќерки на Коби, на теренот беше и малата ќерка на Гасол, Елизабет Џиана, која е крстена во чест на прерано починатата ќерка на Коби и Ванеса.
Ванеса исто така сподели фотографија на која таа е заедно со По Гасол и Роб Пелинка, а до фотографијата напиша:
„Моите поголеми браќа“
https://www.instagram.com/p/CWjAwLzvn8Q/?utm_source=ig_web_copy_link
За потсетување, Коби Брајант и неговата најстара ќерка Џиана трагично ги загубија животите во хеликоптерска несреќа што се случи на 6-ти јануари 2020-та година.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии и видеа:
https://www.instagram.com/p/CWi-mpxPW5y/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело