Постојано е незадоволна: Колку ѝ плаќа Бред Пит алиментација на Анџелина Џоли за децата?
- Детали
- среда, 24 ноември 2021
Бред Пит и Анџелина Џоли „тежат“ стотици милиони и сигурно немаат финансиски проблеми, но Џоли направи цела драма во врска со алиментацијата за нивните деца која наводно Бред Пит ја избегнувал.
Разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли се провлекува со години, а во последниот период тие меѓусебно се борат за старателство над нивните деца. Но, колку пари за алиментација плаќа холивудскиот актер?
Во еден период, Бред Пит (57) и Анџелина Џоли (46) делуваа како еден од најскладните парови во Холивуд, но нивниот брак се распадна, а судскиот процес за нивниот развод се провлекува цели 5 години (од 2016-та година).
Две години откако започна целиот процес, односно во 2018-та година, Џоли излезе во јавноста со тврдење дека Бред не ја плаќа задолжителната алиментација за нивните деца.
Колку „тежат“ Анџелина Џоли и Бред Пит?
Според официјалните податоци, Бред Пит има богатство вредно околу 300 милиони долари. Тој поседува имоти на повеќе места во светот. Додека беа заедно со Анџелина, тие имаа имоти во Франција, Лондон и Лос Анџелес.
Анџелина Џоли е добро позната актерка што играла во повеќе филмови што ѝ донесоа милионски суми, но нејзиното богатство се проценува дека изнесува околу 160 милиони долари.
Сепак, се чини дека актерката смета дека ова не се доволно пари за да може да обезбеди нормален живот за нејзините деца, па откако почна бракоразводната парница, таа бараше годишна алиментација во износ од 250.000 долари за секое дете, што би изнесувало над 5 милиони долари.
Прочитајте и По 5 години судска битка со Анџелина Џоли, Бред Пит доби заедничко старателство над нивните деца
Колку пари плаќа Бред Пит?
Истата 2018-та година кога Анџелина излезе со обвинувања, во јавноста „протекоаа“ документи во кои се гледа дека актерот платил околу 1,3 милиони за алиментација во период од 2016-та до 2018-та година.
Освен тоа, Бред тврдеше дека ѝ позајмил на Џоли 8 милиони долари за да го купи новиот дом во кој живеат таа и нејзините деца. Сепак, поранешната сопруга треба да му ги врати овие пари на актерот со камата.
Од друга страна, Анџелина тврдеше дека поради Бред, таа и децата морале да се селат затоа што тој го задржал семејниот дом.
Кога ќе се направи пресметка, излегува дека Бред ѝ дал на Џоли околу 3 проценти од своето целокупно богатство...
Инаку, пред извесен период Анџелина Џоли често се појавуваше заедно со сите деца за премиерата на филмот Eternals. Тие се навистина пораснати.