По 5 години судска битка со Анџелина Џоли, Бред Пит доби заедничко старателство над нивните деца
- Детали
- среда, 26 мај 2021
Бред Пит (57) по 5 години тешка судска битка со Анџелина Џоли и низа судски парници успеа да добие заедничко старателство над нивните 6 деца, односно и тој ќе има исти права на нив, како и неговата поранешна сопруга.
Извор близок до актерот изјави: „Толку му олесни. Единствената негова намера беше да минува повеќе време со децата“.
Најстарото дете на Џоли и Пит има 19 години, а најмалите се 12-годишните близнаци.
По месеци интервјуирање на децата во последно време од социјални работници, разни сведоци и детално разгледување на ситуацијата Бред конечно ги доби посакуваните татковски права.
45-годишната Џоли наводно не е задоволна од одлуката и ќе продолжи со легалната битка.
С. С. | Црнобело