Парис Хилтон ужива на меден месец со новиот сопруг на Бора Бора, среде скандалот со тајната ќерка (фото)
- Детали
- понеделник, 22 ноември 2021
Парис Хилтон и нејзиниот сопруг добија јавна покана за да се вклучат во животот на неговата ќерка Еви (9) што тој ја помага финансиски, но воопшто не ја видел, а парот ужива на првата дестинација од нивната светска тура за медениот месец, заедно со семејството Хилтон.
По тридневната свадба богатата наследничка Парис Хилтон (40) и нејзиниот сопруг Картер Реум (40) во моментов се на меден месец, а оттаму споделија фотографии како уживаат на Бора Бора и пливаат со морски раи.
„Првата дестинација на нашата светска тура за медениот месец… Бора Бора. Пливање во Тихиот Океан, со мојата љубов“ – напиша Парис до фотографиите.
Парис и Картер, кои на 11-ти ноември годинава стапија во брак, не се сами на патувањето, туку со нив беа забележани и други членови на семејството Хилтон: родителите на Парис - Рик и Кети Хилтон, нејзините браќа - Конрад и Барон Хилтон и нејзината снаа - Теса Хилтон.
Прочитајте и Кој е и колку „тежи“ Картер Реум, новиот сопруг на Парис Хилтон, со кого направи тридневна свадба?
Фотографиите од медениот месец се објавени само неколку дена откако во медиумите беше објавена јавна покана што мајката на 9-годишната биолошка ќерка на Картер ја упати до новиот брачен пар.
Ријалити ѕвездата Лаура Белизи, со кого Картер ја има 9-годишната ќерка Еви, минатата недела даде ексклузивна изјава во која јавно ги покани Парис и Картер да се вклучат во животот на девојчето.
„Колку повеќе луѓе (активно) ја сакаат Еви, толку подобро. Ништо не може да го замени недостатокот на двајцата родители.
Ова се однесува на сите деца. Потребнa e голема поддршка од блиските луѓе за да израснете прекрасни деца. Картер, неговата нова сопруга и нејзиното семејство секогаш се поканети, доколку одлучат да се вклучат во животот на Еви“ – рече таа.
Лаура дополни дека 9-годишната Еви копнее да го запознае својот татко особено откако тој во последно време е во центарот на вниманието во медиумите поради свадбата со богатата наследничка.
Портпаролот на Реум пак, излезе со изјава дека Картер нема традиционален однос со неговата ќерка, но дека бизнисменот ја помага финансиски.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Картер и Парис на Бора Бора:
Б. С. Б. | Црнобело