Процветаа по раскинувањата – како славните дами го трансформираа својот изглед? (фото)
- Детали
- сабота, 27 ноември 2021
Многу познати, славни дами решија целосно да го променат својот изглед и животот по раскинувањето.
Прекините на врските и разводи отсекогаш биле најинтересниот дел од животот на славните за обожавателите.
Обично се вели дека жената драстично го менува изгледот кога не е задоволна од приватниот живот, но секој е личност сам за себе.
Некои познати дами решија својата фигура да ја доведат до совршенство со што целосно се трансформираа.
Ова се промените кои привлекоа најголемо внимание во јавноста:
Адел
По разводот со Сајмон Конеки, Адел успеа да симне неверојатни 45 kg. Адел денес е непрепознатлива, особено доколку го паметите нејзиниот изглед од првиот голем хит Chasing Pavements.
Селена Гомез
По раскинувањата со Џастин Бибер и The Weeknd, Селена конечно го пронајде својот мир, а нејзиниот изглед еволуираше во самоуверена дама која го лансираше својот успешен бизнис во светот на декоративната козметика.
Бела Хадид
Моделот го поднесе тешко раскинувањето со The Weeknd, па главната промена се случи со нејзината коса која ја скрати, но и со посмелите комбинации на црвениот тепих.
Анџелина Џоли
Многумина ја критикуваа актерката кога по разводот со Бред Пит се појави драстично ослабена (што може да се должи и на здравствена состојба), но се чини дека Анџелина Џоли повторно заблеска.
Ким Кардашијан
По токсичната разделба со Канје Вест, Ким е во врска со комичарот Пит Дејвидсон и се чини дека е посреќна од кога и да е, а и послободна во изборот на облека кој претходно го контролираше нејзиниот сопруг.
Клои Кардашијан
Терминот кој самата со измисли „Revenge Body“ ѝ донесе слава, но и сосема друга фигура. Денес Клои, по разводот од Ламар Одом и турбулентната врска со Тристан Томпсон изгледа сосема поинаку од порано.
(О)Милена | Црнобело