Како Пријанка Чопра одговори на гласините за развод + факти за врската со 10 години помладиот сопруг

По само два месеца забавување ја побарал за жена, се запознале на Твитер, во некои медиуми лажно ги разведуваат, но таа суптилно им покажа дека сè уште е лудо вљубена во својот сопруг. Факти за врската на Пријанка Чопра и Ник Џонас.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-01.jpg

Што и да направат славните не поминува незабележано, па така кога Пријанка Чопра (39) го промени презимето на Инстаграм од Пријанка Чопра Џонас во Пријанка Чопра, светските таблоиди веднаш побрзаа со пишувањата дека актерката се разведува од својот сопруг Ник Џонас (29).

Дури и мајката на славната боливудска актерка се вклучи во коментарите па побара од луѓето да не пишуваат непроверени информации.

Сепак, набрзо по пишувањата во медиумите, Пријанка најде начин како суптилно да ги отфрли пишувањата во медиумите и да покаже дека сè уште е силно вљубена во својот сопруг.

На најновата објава на Ник на Инстаграм каде тој крева тегови, Пријанка накратко напиша: „Леле! Умрев во твоите раце …“

Со ова боливудската актерка ги отфрли пишувањата во медиумите и потврди дека нивната врска е стабилна, иако таа го промени презимето во социјалните медиуми.

Без разлика на тоа што пишуваат медиумите, Пријанка и Ник се мошне вљубени еден во друг - прочитајте неколку интересни факти за нив:

Ник Џонас и Пријанка Чопра се запознале откако музичарот одлучил да ѝ прати порака на Твитер. Актерката веднаш му го дала телефонскиот број и му рекла да ѝ пишува на телефон. Така започнала нивната љубовна приказна.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-02.jpg

Во мај 2017-та година Пријанка Чопра и Ник Џонас за првпат се забележани заедно на Мет Гала, по што почнаа големиот број гласини дека тие се заедно.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-03.jpg

На почетокот Пријанка и Џонас ги отфрлаа пишувањата дека се во врска, а одлучиле заедно да се појават на настанот затоа што се познавале од претходно.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-04.jpg

Една година подоцна, во мај 2018-та година Пријанка и Ник почнаа заедно да се појавуваат во јавноста и беа забележани како одат на состаноци.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-05.jpg

Во јуни 2018-та година се појавија фотографии од аеродром, на кои се гледа дека парот заедно присуствувал на семејна свадба на братучедот на Џонас.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-06.jpg

Една недела подоцна парот заедно отпатувал во Индија, каде Џонас се запознал со мајката на Пријанка.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-07.jpg

Во јули се појавуваат информации дека Пријанка и Ник имаат златни прстени, со што се разгоруваат гласините за можно крунисување на љубовта.

https://www.instagram.com/p/Bk4cqt2DcA_/?utm_source=ig_web_copy_link

Следниот месец Чопра и Џонас споделија фотографии од свршувачката со што ги потврдија сите информации во медиумите.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-08.jpg

Во неодамнешно интервју за Vogue Пријанка рече дека вереничкиот прстен ѝ е најдрагиот накит што го има.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-09.jpg

Во декември 2018-та парот стапи во брак во Индија, каде имаа две церемонии, една традиционална хиндуистичка церемонија и една Западна.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-10.jpg

Во 2020-та година парот ја прослави двегодишнината од нивниот прв состанок со објавување од досега невидена фотографија од настанот.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-11.jpg

Во периодот на 2020-та година парот за првпат имаше време постојано да биде заедно подолго време, за време на карантинот. Прашана за тоа што ново научила за нејзиниот сопруг додека биле постојано заедно, Пријанка рече:

„Сфатив дека многу го сакам иако поминувавме толку многу време заедно. Тој е прекрасен и никогаш немаше да поминеме толку многу време заедно да не беше карантинот.

Да не се случеше светската пандемија немаше да успееме да ги усогласиме распоредите. Успеавме да се вселиме во новиот дом“.

kako-prijanka-chopra-odgovori-na-lazhnite-glasini-za-razvod-fakti-za-vrskata-so-10-godini-pomladiot-soprug-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg