Ким блеска од среќа со помладиот дечко, додека Канје „бара“ внимание со мускулестото тело и чудниот стајлинг (фото)
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
Канје Вест се појави во јавност првпат откако Ким и Пит ја потврдија врската и ја искористи можноста да го покаже мускулестото тело. Ким, пак, изгледа посреќна од кога било со 13 години помладото момче.
Откако ја потврдија врската, Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се неразделни, а повеќе од очигледно е дека и двајцата уживаат во новата романса.
Ким (41) и Пит (28) беа забележани во Калифорнија, најпрво на улица фатени за рака, а потоа во автомобилот на Пит.
За излегувањето со новото момче, Ким одбрала црна ролка, црни кожени панталони со здолниште и црни ракавици, а комбинацијата ја дополнила со сребрена чанта и капче.
Пит носеше спуштени фармерки, блуза и палто, а стајлингот го надополнил со црн лак за нокти.
Во автомобилот Ким и Пит изгледаат пресреќно и постојано се смееја.
Ова е првата врска на Ким по разделбата со Канје. Раперот, пак, имаше кратка романса со супермоделот Ирина Шајк, а сега наводно е во врска со 22-годишниот модел Винетриа.
Претходно и 44-годишниот рапер се појави во јавност во за него нетипично издание. Канје, кој неодамна официјално си го промени името во Је, го покажа мускулестото тело со тесна маичка на рамки и фармерки.
Потоа раперот облече јакна украсена со фотографии од неговите ќерки Норт и Псалм. Раперот носеше и VIP пропусница за влез во вселенската компанија на Илон Маск SpaceX која наводно ја посетил неодамна.
Канје се нема огласено во врска со новото момче на Ким, но во неодамнешно интервју ја нарече негова сопруга, а според изворите избувнал кога ја видел со Пит.
Прочитајте повеќе: Призна дека ја изневерил, а љубомори за новиот дечко – Состојбата на Канје се влошува додека Ким се забавува со Пит Дејвидсон
Ким и Пит, пак, изгледаат како да имаат сериозна врска – младиот актер не само што беше гостин во домот на мајката на Ким, Крис, туку и таму си го прослави роденденот.
Според изворите, Пит веќе бил „луд по Ким“, а привлечноста била обострана:
„Пит постојано ја фаќа за половината, ѝ дава комплименти за задникот и ѝ ја допира косата. Јасно ѝ покажува дека многу му се допаѓа. Дефинитивно не игра игри. На Ким, пак, изгледа ѝ се допаѓа целото внимание. Убаво е што ја гледаме среќна“.
Пит и Ким се зближија по гостувањето на ријалити ѕвездата на SNL и речиси веднаш ги разгореа гласините дека се пар.
Извесно време нивните портпароли ја негираа врската, но пред некој ден Ким и Пит се појавија во јавност фатени за рака, по што беше јасно дека се пар.
Прочитајте повеќе: Ја освои по разводот со Канје, бившите го фалат за „надареноста“ – Ким и Пит фатени за рака ја потврдија врската
Ким и Пит уживаат во заедничките мигови:
Спирова С. | Црнобело