Призна дека ја изневерил, а љубомори за новиот дечко – Состојбата на Канје се влошува додека Ким се забавува со Пит Дејвидсон
- Детали
- петок, 05 ноември 2021
Додека Ким Кардашијан ужива во друштвото на Пит Дејвидсон, состојбата на Канје Вест се влошува – раперот си направи чудна фризура, ги избричи веѓите, излегуваше со бизарни маски на лицето и вели дека Ким уште е негова сопруга.
По сè изгледа дека помеѓу Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон навистина има нешто, откако извори потврдија дека парот бил на вечера во Њујорк, и тоа неколкупати.
Ким беше забележана како влегува во ресторанот, кој наводно е омилениот на Пит, со долг кадифен фустан и коса собрана во плетенка. Според изворите, Пит пристигнал 10-тина минути порано и влегол од задниот влез.
Една вечер претходно, Ким и Пит биле на уште една вечера и успешно се скриле од папараците.
„Пит организираше приватна вечера на кровот на ресторанот. Беа само тие двајца. Со нив немаше обезбедување и успеаја да се искрадат во и од ресторанот без никој да ги види“.
Прочитајте повеќе: Нова љубов на повидок: Ким Кардашијан (41) се држи за рака со Пит Дејвидсон (27) – бившиот на Аријана Гранде (фото)
Наводно, Ким била воодушевена од смислата за хумор на Пит.
„По ужасната година што ја имаше, Ким сака малку забава, а Пит ѝ го дава токму тоа. На Ким ѝ е одлично со Пит бидејќи прави да се чувствува младо“.
Ким и Пит се зближија по гостувањето на ријалити ѕвездата во SNL, каде што сними скеч со младиот актер за кој споделија и бакнеж. Бидејќи многупати го вежбале скечот, тие се зближиле, а нивната поврзаност бил повеќе од очигледна.
„Многу се забавуваа – можевте да ги видите искрите. Се гледаше дека веднаш станаа пријатели додека траеше снимањето“.
Но, додека Ким ужива и се забавува, изгледа дека состојбата на поранешниот сопруг Канје Вест само се влошува.
Имено, Канје воопшто не бил среќен за скечот на Ким и Пит и избувнал откако го видел моментот кога се бакнуваат.
„Се преправа дека е во ред со целата ситуација. Но излета од просторија кога го изгледа скечот и кога сфати колку добро се согласуваат Ким и Пит зад камерите.
Не покажува гнев, но дефинитивно е засрамен што ги виде како се бакнуваат пред него и пред целиот свет, дури и ако тоа е само глума“, вели извор близок до раперот.
Истовремено, раперот изјави дека Ким уште е негова сопруга. Во краток инсерт за поткаст, раперот вели дека уште е во брак со Ким и ја нарече „негова сопруга“ бидејќи „нема никакви документи“.
Веројатно Канје алудира на фактот дека нивниот развод уште е во тек.
Фановите почнаа да се грижат за состојбата на Канје уште пред гласините за Пит и Ким, кога раперот објави фотографија со чудна фризура, а истиот период двапати беше забележан во јавност со маска.
https://www.instagram.com/p/CVLktgSpPdW/
Во Венеција, но и во Њујорк, раперот прошета низ улиците со бизарни маски на лицето, кои изгледаат дури и морничаво.
Како сето да не е доволно, раперот уште еднаш ја разбранува јавноста откако се појавија фотки на кои нема веѓи.
Според изворите, Канје водел миса за Ноќта на вештерките, а од настанот има фотографија на која добро се гледа дека нема веѓи. Ден-два подоцна, тој беше забележан и во јавност без веѓи.
Ким повеќе не зборува за влошеното ментално здравје на Канје, но има изјавено дека секогаш ќе го поддржува и секогаш ќе бидат пријатели.
Ријалити ѕвездата поднесе барање за развод во февруари, а неодамна Канје си ги „призна“ грешките што довеле до разделба. Преку песните од неговиот нов албум, Канје изјави дека ја изневерувал, имал сериозни проблеми со пиењето и постојано бил отсутен.
Прочитајте повеќе: Канје Вест преку песна признава каде згрешил во бракот со Ким: „И по две деца ја изневерував, не си одев дома, пиев“
Спирова С. | Црнобело