Канје Вест преку песна признава каде згрешил во бракот со Ким: „И по две деца ја изневерував, не си одев дома, пиев“
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
„И по две деца сè уште не се смирив, не си одев во палатата од 60 милиони долари, пиев“ – Канје Вест си ги признава грешките во бракот со Ким во новата песна Hurricane од контроверзниот албум Donda.
Новиот албум на Канје Вест „Donda“ е еден од најконтроверзните албуми досега, како и поради тоа што раперот на сцена го повика Мерлин Менсон за кого има обвинувања за силување, така и поради содржините на песната.
Конкретно во новата песна Hurricane Канје вели:
„Еве ме глумам дека сум многу богат, еве ме со нова женска, а знам која е вистината, уште не се смирувам и после две деца“ (Here I go actin’ too rich, here I go with a new chick, and I know what the truth is, still playin’ after two kids).
Светските медиуми овие стихови на Канје ги протолкуваа како негов обид да си ги признае сите грешки што ги направил додека тие биле во брак.
Во песната, освен ова тој признава дека никогаш не си одел дома во нивната палата од 60 милиони долари и дека имал проблеми со алкохолот.
Сепак, ова наводно неверство не е причината поради која Ким и Канје ставија крај на бракот. За потсетување, тие по ова одлучија заедно да имаат уште две деца. Откако ги добија Норт (8) и Сент (5), тие станаа родители и на Чикаго (3) и Псалм (2).
Додека Канје отворено си ги признава грешките преку најновиот албум, Ким од друга страна пак слави – таа е пресреќна што успеа да собере 250 милиони следбеници на Инстаграм, а моментот го одбележа со објавување фотографија на нејзините три ќерки.
„250 милиони следбеници на Инстаграм. Ве сакам! Ја објавив оваа фотографија затоа што ако можев да добијам 250 милиони бакнежи од нашите бебиња мојот живот би бил комплетен“ – напиша таа до фотографијата.
Инаку, Ким и Канје минатата недела ги разгореа гласините дека ќе ѝ дадат нова шанса на врската откако ријалити ѕвездата се појави на промоцијата на албумот на раперот во венчаница.
Прочитајте и Ким Кардашијан со венчаница на промоцијата на албумот на Канје, откако тој одлучи да си го промени името (фото+видео)
Б. С. Б. | Црнобело