Актерката Шенон Доерти викендов имаше емотивна средба со Тори Спелинг, Џени Гарт, Џејсон Пристли и Иан Зиринг, ѕвездите на хит-серијата „Beverly Hills 90210“. Ова беше едно од првите излегувања на Шенон во јавноста, откако неодамна откри дека повторно го победила ракот. На средбата единствено недостасуваше Лук Пери, кој ненадејно почина во 2019 година, за екипата да биде цела.