Џанлука Ваки (55) ужива со семејството на плажа: „Се обидувам да останам млад за мојата убава сопруга“
- Детали
- понеделник, 27 март 2023
Џанлука Ваки (55) е посекси од кога било на плажа со семејството, а сега откри дека главна мотивација да изгледа фит и младешки му е неговата млада и убава сопруга.
Џанлука Ваки (55) со својата сакана Шерон Фонсека (28) и нивната ќеркичка ужива на плажа. Парот сподели низа фотографии од нивните прекрасни, заеднички мигови.
Џанлука сè уште е во одлична одлична форма, постојано тренира, танцува, а сега откри дека тоа е со цел за да се одржува во форма покрај својата млада сопруга.
„Ден на плажа... Се обидувам да останам млад и силен за мојата убава сопруга.“
Потоа, и Шерон сподели фотографии и напиша:
„Убав семеен ден на плажа. Многу сум благодарна за миговите како овие.“
Повеќе фотографии од среќното семејство:
Прочитајте и „Те сакам“ – Џанлука Ваки приреди спектакуларно роденденско изненадувања за саканата, ѝ подари автомобил (видео)
С. С. | Црнобело