„Те сакам“ – Џанлука Ваки приреди спектакуларно роденденско изненадувања за саканата, ѝ подари автомобил (видео)
- Детали
- четврток, 02 февруари 2023
Со огромен букет, две роденденски торти, но и нов автомобил, Џанлука Ваки ја изненади саканата Шерон Фонсека за нејзиниот 28-ми роденден.
Џанлука Ваки (55) ѝ приреди слатко изненадување на неговата сакана Шерон Фонсека за нејзиниот роденден. Шерон наполни 28 години, а познатиот бизнисмен ја изненади со две роденденски торта, но и нов автомобил.
Џанлука сподели и видео од изненадувањето за саканата.
Најпрво бизнисменот, држејќи ја нивната ќеркичка во рака, ѝ носи торта на Шерон. Потоа, го гледаме парот во нивниот автомобил и слатката реакција на Шерон кога го здогледува роденденскиот подарок паркиран пред нивниот дом.
На крај, бизнисменот ѝ носи огромен букет и уште една торта на саканата додека седат на вечера во нивниот дом.
„Среќен роденден љубов. Те сакам“, стои во описот на видеото.
@gianlucavacchi Happy birthday amore. Te amo❤️ @Sharon Fonseca ♬ suono originale - Gianluca Vacchi
Шерон сподели неколку фотки од роденденските изненадувања, како и слатка фотка од ќерката.
„Ти благодарам за вчера, денес и утре. Ти благодарам за нашиот дом, здравјето, семејството и љубовта.
Ти благодарам љубов моја за сè што правиш, особено за тоа што правиш да се чувствувам толку сакана“, пишува во описот на објавата.
Спирова С. | Црнобело