Хари Стајлс страсно ја бакнува Емили Ратајковски, само 6 месеци откако таа се разведе
- Детали
- недела, 26 март 2023
По разделбата со Оливија Вајлд, Хари Стајлс има нова љубов. Тој не може да одолее на сексапилната Емили Ратајковски и ја бакнува среде улица во Јапонија.
Хари Стајлс изгледа ја преболи романсата со Оливија Вајлд, за која дури и правеше скандали и плукна колега на филмскиот фестивал во Венеција.
Пејачот сега е фотографиран како страсно се бакнува со Емили Ратајковски, само 6 месеци откако таа се разведе.
29-годишниот пејач изгледа како да не се грижи дали некој ќе го види додека ѝ покажува љубов на својата нова партнерка.
Хари мометално престојува во Јапонија, како дел од неговата светска музичка турнеја.
Тој се раздели од Оливија Вајлд во ноември со објаснување дека двајцата имаат различни приоритети, кои ги носат на различни патишта
С. С. | Црнобело