Скандал на филмскиот фестивал во Венеција: Хари Стајлс го плукна колегата Крис Пајн, потоа во уста бакна друг маж (видео)
- Детали
- вторник, 06 септември 2022
Англискиот музичар Хари Стајлс познат како некогашен член на бендот One Direction синоќa присуствуваше на премиерата на филмот Don’t worry Darling, што се одржа на филмскиот фестивал во Венеција, а привлече особено внимание со своето скандалозно однесување.
Хари Стајлс ја игра главната машка улога во најновиот филм на режисерката и актерка Оливија Вајлд, а гласините за нивната врска почнаа да се шират уште во 2020-та година, откако се дозна дека таа ја прекинала 10-годишната врска со Џејсон Судекис.
Непосредно пред гостувањето во Венеција, почнаа да се шират гласини дека Хари и Оливија раскинале, а синоќа на премиерата забележително беше дека Хари и Оливија седеа подалеку еден од друг, па дури и на фотографиите не стоеја еден до друг.
„Тој што го правел распоредот за седење, сигурно има искуство во организирање свадба со разведени родители“ - стои во еден од твитовите.
https://twitter.com/trinawatters/status/1566856718348439557
Дополнително, на Твитер кружи видео во кое се гледа како Хари доаѓа до своето столче и наликува дека му плука во скутот на актерот Крис Пајн, кој седи до Оливија.
Видеото масовно се шири на социјалните мрежи, а твитерџиите се прашуваат дали навистина Хари му плукна на колегата во скутот и зошто?
https://twitter.com/barstoolsports/status/1566960369381396480
Сепак, скандалозното однсесување на Хари не заврши тука. За време на 4-минутните овации што филмот Don’t Worry Darling ги доби во Венеција Хари од радост го бакна во уста колегата Ник Крол.
https://twitter.com/barstoolsports/status/1566896791668285445
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело