Реакцијата на Тејлор Свифт кога испиша историја, апсење на познат рапер - Највпечатливите моменти од Греми 2024
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2024
Селин Дион имаше ретко појавување во јавност откако објави дека страда од синдром на вкочанета личност. Таа на Тејлор Свифт ѝ ја врачи наградата за албум на годината, со што младата пејачка стана прва која по четврти пат го доби ова признание. Кои беа највпечатливите мигови од Греми 2024?
Во неделата (04.02) се одржа доделувањето на Греми наградите.
Селин Дион имаше ретко појавување во јавност откако објави дека страда од синдром на вкочанета личност, а на сцената на доделувањето на Греми 2024 се појави придружувана од нејзиниот најстар син Рене Шарл Анжелил (23).
Таа на Тејлор Свифт ѝ ја врачи наградата за албум на годината.
А, доста внимание привлече и реакцијата на Тејлор кога дозна дека по четврти пат ја освои оваа награда и со тоа испиша историја, затоа што стана првиот музичар што добил четири последователни Греми награди за најдобар албум.