Сите му се смеат на Пике заради аутфитот во кој го облекла девојката: „Јас сум нејзина марионета“ (видео)
- Детали
- среда, 22 март 2023
„Мојата девојка ми купува облека, јас сум нејзина марионета“ – Пике ја обвини неговата девојка за аутфитот што го носеше за време на Kings League, а кој наиде на потсмев кај колегите. Фудбалерот откри дека во моментов е среќен и дека не се грижи за мислењето на јавноста.
Шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36) неодамна за првпат даде изјава за медиумите во која рече дека не жали за разделбата со Шакира и дека е среќен со промените што се случуваат во неговиот живот.
Тој рече дека воопшто не му е грижа за критиките што јавноста му ги упатува откако одлучи да се раздели со Шакира (46) и да започне нов живот со 23-годишната Клара Чиа Марти, како и дека нема намера да троши пари за да го поправи својот имиџ.
„Луѓето за коишто се грижам и коишто ги сакам се оние што ме знаат. Не ми е грижа за никој друг. Оној ден кога ќе умирам ќе погледнам наназад и ќе се надевам дека сум направил сѐ што сум сакал. Сакам да останам таков каков што сум. Нема да трошам пари за да си го поправам угледот“ – рече тој.
Додека Шакира објавува одмазднички песни посветени на нејзиниот поранешен партнер кој ја изневери, во кои ги исмева него и неговата девојка, Пике јавно излегува и зборува за тоа колку е среќен во моментов.
Прочитајте и Шакира за првпат искрено за разделбата со Пике: „Морам да бидам силна за синовите, сфатив дека не сум била вљубена“
Пике периодов во родната Шпанија е актуелен со настанот што тој го започна, а кој е насловен Kings Legaue.
Станува збор за седумдневен фудбалски спектакл, каде поранешниот фудбалер на Барселона се појавува како еден од претседателите.
Минатата недела тој на еден од натпреварите во студиото се појави во широки пантолони и широка кошула во крем боја со бела маица, а неговиот аутфит беше исмејан од колегите.
Колегите кои на настанот носеа релативно поопуштени изданија, почнаа да го прашуваат дали тоа што го носи во моментов е во тренд и дали чита модни списанија за да знае што да облече, на што Пике одговори:
„Вистината е дека одам со девојка ми во бутик и таа ми купува облека, знаете, јас сум нејзина марионета.“
По ова фудбалерот стана и почна гордо да парадира на сцената за подобро да го покаже аутфитот што Клара Чиа му го избрала.
Оваа видео снимка масовно се споделува на социјалните мрежи.
Погледнете го во продолжение видеото:
https://www.tiktok.com/@tusclipsvirales/video/7198704359004261637?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7106495311258060294
Б. С. Б. | Црнобело