Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“

„Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум јас. Но, критиките не ме навредија. Факт е дека јас немам 16 години. Имам 42 и сум посреќна од кога било. Ја прифаќам мојата возраст и нема да се променам за никого“, изјави Адријана Лима во интервју за Haprer’s Bazaar, по бројните критики за изгледот и обвинувањата дека правела корекции на лицето.

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-01.jpg

Откако се породи, критиките на сметка на изгледот на Адријана Лима не стивнуваат.

На почетокот беше критикувана за вишокот килограми, без разлика што тоа е сосема нормална промена кај секоја жена која родила, а неодамна јавноста ја обвинуваше и за естетски корекции.

Можеби најмногу прашина се крена кога Лима се појави на премиерата на филот The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes.

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-07.jpg

На настанот, моделот носеше краток црн фустан со црвени детали и црвени чевли. Од фотките е очигледно дека се вратила во форма, а се забележува разлика во нејзиното лице кое изгледа малку потечено.

Претходно Лима се огласи за критиките со фотка на Инстаграм Стори. Сега, пак, во интервју за Harper’s Bazaar, таа прозборе за најновите фотографии и критиките.

„Не ми пречат критиките воопшто. Навистина сум силна кога станува збор за тоа и искрено, се погледнав пред да излезам и се чувствував одлично.

Бев со моите деца, ме погледнаа и ми рекоа: ’Мамо! Изгледаш многу убаво‘“.

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-03.jpg

Сепак, Адријана вели дека и самата била изненадена од фотките од премиерата.

„Се шокирав кога ги видов. Си помислив дека тоа не сум јас. Ми беше чудно бидејќи јас не се гледам себеси така. Сè уште не се гледам на тој начин… Можете да се гледате себеси поразлично. Но, ништо не ме навреди – всушност, се смеев.

Факт е дека јас немам 16 години. Ја почнав кариерата на 16, но никогаш повеќе нема да имам 16. Имам 42 години и сум посреќна од кога било, задоволна сум од себе. Ја прифаќам мојата возраст и нема да се променам за никого“.

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-04.jpg

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-06.jpg

Сепак, Адријана истакнува дека се плаши за нејзините деца, односно како тие би ги сфатиле критиките за нејзиниот изглед.

„Мојата грижа не сум јас, туку моите деца бидејќи тие беа со мене, ме видоа, а потоа излегоа сите тие коментари. Не сакам да чувствуваат притисок да изгледаат на одреден начин поради другите луѓе.

Ако луѓето ми го прават тоа мене, тогаш како моите деца ќе бидат заштитени? Вистината е – мислам дека никој не е безбеден бидејќи луѓето секојпат критикуваат“, додава таа.

Прочитајте и: Адријана Лима одговори на критиките за вишокот килограми и отеченото лице: „Вака изгледа уморна мајка“

adrijana-lima-kritikite-za-izgledot-mi-se-smeshni-nemam-16-godini-tuku-42-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg