Адријана Лима одговори на критиките за вишокот килограми и отеченото лице: „Вака изгледа уморна мајка“
- Детали
- четврток, 16 ноември 2023
Со селфи без шминка и саркастичен опис, Адријана Лима се огласи по бројните критики упатени на сметка на нејзиниот изглед по третата бременост.
Кон крајот на минатата година, Адријана Лима почна да се соочува со критики поради изгледот.
Моделот се појави со вишок килограми на настан во Париз, како и на модна ревија. Иако ова е сосема нормална промена кога ќе се земе предвид дека трипати беше бремена, шегите на сметка на нејзиниот изглед не изостанаа.
Во текот на целата година, Адријана гордо ги покажуваше облините на важни настани, но без разлика што изгледа одлично, многумина ја критикуваа бидејќи „се здебелила“.
Некои одеа дотаму што тврдеа дека лицето ѝ било отечено од филери и процедури за разубавување.
„Не би погодил дека станува збор за истата личност“ и „Што си направила со лицето? И зошто? Беше совршена!“ се само дел од злобните коментари упатени кон Адријана.
По бројните критики, Адријана реши да одговори на коментарите со селфи на Инстаграм Стори и саркастичен опис.
Моделот позира без шминка и иако е видно уморна, сепак изгледа одлично.
„Лицето на уморна мајка на една тинејџерка и две деца, едно активно момче и 1-годишно детенце кое учи да оди, и три кучиња… ви благодарам за вашата загриженост“, пишува на фотката.
По објавата, многу фанови ја искажаа нивната поддршка на Твитер, истакнувајќи дека е одлично што моделот покажува како навистина изгледа животот на мајките.
„Одговорот на Адријана Лима за критиките за нејзиното лице ја отсликува реалноста на животот на мајките – справување со обврските околу децата и домот“, гласи еден од коментарите.
Иако важи за една од најубавите жени во светот, Адријана неколкупати има зборувано за тоа дека не сака да ја забележуваат само поради нејзината убавина, особено откако станала мајка.
Во 2017-та, моделот изјави дека откако станала мајка, негата за себе повеќе не ѝ е приоритет и целосно се фокусира на децата.
„Како што моите две ќерки растеа, сфатив дека копираат многу од она што јас го правам. А, за мене е важно да ги копираат убавите работи“.
Лима откри и дека ги учи ќерките да се хранат здраво и да го сакаат своето тело, без да им потпаѓаат на лудите стандарди за убавина.