Адријана Лима повторно згодна по критиките за изгледот: Ослабе драстично, лицето не ѝ е отечено
- Детали
- сабота, 31 август 2024
Откако повеќе од две години се бореше со килограмите, кои ги доби во бременоста, и беше посатојано критикувана поради изгледот, една од најзгодните манекенки на сите времиња, повторно е згодна.
Една од најпознатите манекенки, Адријана Лима, долги години се бореше со вишокот килограми кои ги качи во третата бременост.
Но, некогашниот ангел на Victoria’s Secret, повторно ја има фигурата како во времето кога шеташе на светските модни писти и снимаше реклами.
Лима со години беше мета на брутални напади за својот изглед.
Ја навредуваа дека е дебела, запуштена, остарена, со отечено лице „како да ја избоцкале пчели“, а имаше и такви кои одеа дотаму што пишуваа дека е грда.
Во еден момент таа јавно рече дека веќе нема 16 туку 42 години, а дека критиките за нејзиниот изглед ѝ се смешни.
„Ја почнав кариерата на 16, но никогаш повеќе нема да имам 16. Имам 42 години и сум посреќна од кога било, задоволна сум од себе. Ја прифаќам мојата возраст и нема да се променам за никого“ - изјави таа кон крајот на 2023 година.
Но, Адријана денес повторно изгледа како во најубавите денови - ја нема веќе надуеноста на лицето, а и фигурата ја доведе до совршенство.
На последната објава на Инстаграм, Адријана изгледа исто како во деновите кога доминираше на модните писти.
Облечена во бел костум кој ѝ стои совршено, таа е слаба и згодна, а веќе ги нема ни подбрадокот, ниту пак лицето ѝ е подуено.
Видеото е направено во седиштето на ФИФА во Париз, а Лима, како глобален ФИФА фан амбасадор, е на средба со претседателот на светската фудбалска федерација Џани Инфантино и со катарскиот јутјубер, Ганим Ал-Муфта, момче кое е родено без нозе, а кој, исто така, е ФИФА амбасадор.
По ова во медиумите осамнаа и папарацо фотки од Лима на кои изгледа прекрасно, во спортски стил.
Таа на Инстаграм Стори објави и фотографија од фудбалскиот натпревар САД-Бразил, од Олимпијадата во Париз, на која, исто така, изгледа одлично, слаба и со згодно тело.
За потсетување, поранешната манекенка драстично се здебели пред две години, кога беше бремена со синот Циан.
Освен него, таа има и две ќерки, Валентина и Сиена, кои ги доби од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело