Убавици како мама – Како изгледаат денес ќерките на Адријана Лима и Марко Јариќ?

Ќерките на Адријана Лима и Марко Јариќ имаат 15 и 13 години, а станува очигледно дека ја наследиле убавината на мајка им. Покрај тоа, според Лима, и двете покажувале интерес за мода.

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-01.jpg

Адријана Лима има три деца – ќерките Валентина и Сиена и синот Сијан.

Најмалото дете, синчето Сијан, се роди во 2022 година, а Адријана го доби со сопругот Андре Лемерс

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-7.jpg

Двете ќерки, пак, ги доби од бракот со Марко Јариќ.

Двете девојки се веќе тинејџерки и се чини го наследиле најдоброто од мајка им и се вистински убавици.

За потсетување, Адријана и Марко Јариќ се венчаа во 2009 година, а најавија дека се разведуваат во 2014-та. Разводот го финализираа во 2016 година.

А, каде се и што прават нивните ќерки денес, погледнете во продолжение:

Валентина

Валентина е најстарото дете на Адријана и е родена во ноември 2009 година.

Адријана и Марко соопштија дека очекуваат дете кратко по нивниот меден месец.

„Премногу сме возбудени, навистина сакавме дете.

Дури и во моите најлуди денови, знаев дека сум фамилијарен човек“, изјави тогаш Марко.

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-06.jpg

Адријана, пак, изјави дека мајчинството е најубавото нешто на светот.

„Не ни помислував дека можам да сакам некого толку многу.

Секогаш се прашував дали навистина постои безусловна љубов. Сега знам дека постои бидејќи ја чувствувам“.

Адријана откри и дека за време на бременоста, страдала од прееклампсија – состојба која се манифестира со висок крвен притисок, отоци и зголемено присуство на протеини во урината.

А, ќерка ѝ беше родена предвремено, на 34 недели.

„Валентина беше најмалото бебе во болницата. Многу сакав да ја одведам дома, но не можев.

Како родител, навистина го сакате најдоброто за вашето дете, па ова беше стресен период“, сподели моделот.

@valentinal8ma

she has such a model face iyk what i mean🙏 @.vallleeeeee #valentinalima #valentinalimajaric #valentinal1ma #foryoupage #fyp #omgpage #trending #viral #xybca #blowup #adrianalima #adrianalimadaughter

♬ original sound - mia - mia

Откако Валентина малку порасна, Адријана рече дека целосно ќе ја поддржува без разлика дали ќе одлучи да го следи нејзините стапки, или ќе сака да стане балерина, докторка… Најважно ѝ било да е среќна.

И Адријана и Марко се трудат да ја заштитат приватноста на нивните деца, но Валентина два-трипати се има појавено на црвениот тепих во друштво на мајка ѝ и помалата сестра.

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-02.jpgАдријана Лима со ќерките и сопругот Андре Лемерс со неговите две деца

Сиена

Во септември 2012-та, Јариќ и Лима го добија второто дете – ќерката Сиена. Втората бременост поминала полесно за Адријана.

Околу две години подоцна, Адријана изјави дека двете ќерки се она што прави да се чувствува најубаво и најсреќно.

„Секој ден кога се будам, тие ми се насмевнуваат, како да сум најубавата личност на светот.

Безусловната љубов што ми ја покажуваат правам да се чувствувам посебно“.

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-04.jpg

Моделот има откриено дека како сестра ѝ, и Сиена покажува интерес за мода, а дека таа ќе ја поддржува за секоја нејзина желба и животна цел.

Малку се знае и за животот на Сиена, но факт е дека двете двојки веќе се вистински убавици и доколку ги следат стакпите на Адријана, сигурно ќе важат за најубавите модели, како неа.

ubavici-kako-mama-kako-izgledaat-denes-kjerkite-na-adrijana-lima-i-marko-jarikj-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg