Шакира за првпат искрено за разделбата со Пике: „Морам да бидам силна за синовите, сфатив дека не сум била вљубена“

„Верував во таа приказна дека на жената ѝ треба маж за да се чувствува комплетно. Исто така, сонував за семејство каде децата ќе имаат мајка и татко под истиот покрив“ – вели Шакира во првото интервју по објавувањето на одмазничките песни посветени на Пике.

shakira-za-prvpat-iskreno-za-razdelbata-so-pike-moram-da-bidam-silna-za-sinovite-sfativ-deka-ne-sum-bila-vljubena-01.jpg

Шакира (46) за првпат откако ги објави одмазничките песни за Пике, даде пообемно телевизиско интервју, во кое зборуваше за разделбата, за тоа што мисли за девојката со која тој ја изневери, но и за правецот во којшто понатаму ќе се движи нејзината кариера.

Многумина се сложни дека Шакира по разделбата повторно блеска во полн сјај, а таа во интервјуто вели дека се чувствува многу поубаво, но упати и една порака наменета за девојката на Пике, Клара Чиа (23).

„Постои посебно место во пеколот за жените што не ги поддржуваат другите жени“ – вели таа.

shakira-za-prvpat-iskreno-za-razdelbata-so-pike-moram-da-bidam-silna-za-sinovite-sfativ-deka-ne-sum-bila-vljubena-02.jpg

Пејачката открива дека разделбата ја натерала да стане посамоуверена и станала лавица за нејзините двајца синови Милан (10) и Саша (7).

„Верував во таа приказна дека на жената ѝ треба маж за да се чувствува комплетно. Исто така сонував за семејство каде децата ќе имаат мајка и татко под истиот покрив.

Сфатив дека не е можно да ги постигнеш сите соништа во животот, но животот има посебен начин да те компензира и сметам дека тоа секако сум го добила со прекрасните две деца што ме исполнуваат со љубов секој ден.

shakira-za-prvpat-iskreno-za-razdelbata-so-pike-moram-da-bidam-silna-za-sinovite-sfativ-deka-ne-sum-bila-vljubena-06.jpg

Отсекогаш сум била емотивно зависна од мажите, бев вљубена во поимот љубов, и сметам дека бев во можност да ја разберам приказната од поинаква перспектива и денес сум независна.

Кога жената се справува со битките во животот, таа излегува посилна. Сега парадоксално се чувствувам комплетно затоа што се потпирам сама на себеси и имам две деца што зависат од мене и тоа значи дека треба да бидам посилна од лавица“ – вели таа.

https://twitter.com/WWSHAK/status/1630557215072346113

Шакира вели дека некогаш соништата може да се срушат, но потребно е да се соберат сите делчиња со тоа што ќе успее повторно да се склопи и да биде пример за нејзините деца.

„Сега сум многу посамоуверена. Не знаев дека можам да бидам силна. Секогаш мислев дека сум покршлива“ – вели таа.

shakira-za-prvpat-iskreno-za-razdelbata-so-pike-moram-da-bidam-silna-za-sinovite-sfativ-deka-ne-sum-bila-vljubena-05.jpg

Инаку, минатиот месец Жерар Пике за првпат сподели заедничка фотографија со девојката Клара Чиа на Инстаграм, откако претходно во неколку наврати тие двајца беа фотографирани заедно во јавност.

Шакира, пак, од друга страна објави 3 песни што беа посветени на нејзиниот поранешен партнер.

Прочитајте и „Не ја боли тоа што ја изневерил, туку што е со неа“ - Шакира имала смешен прекар за девојката на Пике пред да дознае за неверството

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg