Слаткиот Мени од „Modern Family“ порасна и е непрепознатлив – има брада и долга коса (фото)
- Детали
- недела, 26 март 2023
Актерот Рико Родригез, кого сите го сакаа како Мени од хумористичната серија „Modern Family“, веќе не е малото момче што го глумеше синот на Софија Вергара, а до денес ја гледа неа како втора мајка. Има скоро 25 години, но и понатаму е истиот сладок буцко како во серијата, само сега возрасен, со брада и долга коса.
Актерот Рико Родригез, кој се прослави со улогата на Мени во хит-серијата „Modern Family“, се појави на премиерата на новиот филм „Shazam! Fury of the Gods“ со нов имиџ.
Со брадата и долга кадрава коса, тој ги изненади фановите на црвениот тепих, кои едвај го препознаа.
На премиерата беше облечен во патики и колеџ јакна, а носеше и очила.
Новиот филм на Родригез, „Shazam! Fury of the Gods“, е продолжение на научнофантастичниот филм од 2019 година.
Меѓу Modern Family и Shazam!, Родригез скоро и да не снимаше филмови.
Тој времето го поминуваше во патувања и со семејството, бидејќи во периодот додека го снимаше популарниот ситком, долго време поминуваше далеку од дома.
Родригез улогата на Мени ја доби кога имаше само 10 години и беше еден од главните ликови во серијата што се емитуваше до 2020 година. Тој глумеше во преку 250 епизоди од серијата.