Се избори со зависност, синот со Даунов синдром ѝ наполни 19 години – Што прави денес Есмералда?

Мексиканската актерка Летиција Калдерон (54) се прослави со ликот на слепата девојка Есмералда, улогата која ја играше во далечната 1997 година. Иако оттогаш поминаа 25 години, убавата актерка е препознатлива каде и да се појави. Не е многу активна на социјалните мрежи, но неодамна објави слики од 19-иот роденден на нејзиниот постар син, кој има Даунов синдром.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-01_copy.jpg

Актерката Летиција Калдерон, која се прослави со улогата на Есмералда во истоимената теленовела, и денес е една од најпопуларните латиноамерикански актерки во светот.

Таа денес не снима толку многу серии, а времето најчесто го поминува со своите два сина, Лучиано и Карло.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-03_copy.jpg

Постариот син Лучиано, кој има Даунов синдром, пред неколку дена наполни 19 години, а актерката објави слики од роденденската прослава и емотивна порака.

„Љубов... Многу сум горда на тебе. Ќе продолжам да те правам среќна“ - напиша актерката на Инстаграм.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-02_copy.jpg

Летиција Калдерон е најпозната како слепата девојка Есмералда, улогата која ја играше во далечната 1997 година. И покрај тоа што оттогаш поминаа 25 години, убавата мексиканска актерка е препознатлива каде и да се појави.

„Не очекував серијата да има толкав успех. Беше тоа големо изненадување за сите. Но, луѓето сакаат да гледаат теленовели зашто сакаат да сонуваат и да бидат дел од убава бајка.

Кога бев во Полска дознав како Есмералда го спасила животот на бремена девојка која нејзиното момче ја напуштило, а татко ѝ ја избркал од дома.

Таа сакала да скокне од мост, мислела дека никој веќе не ја сака. Додека одела кон смртта, во излог на телевизија ја видела Есмералда, сцена во која таа иако слепа, сама и се обидува да му даде мајчино млеко на новородениот син.

Па си рекла ‘ако Есмералда може да го направи тоа, можам и јас’.

Подоцна татко ѝ ѝ простил, а таа отворила куќа за самохрани мајки, која го носи името на мојот син од серијата“ - раскажа во една прилика Калдерон.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-06_copy_copy.jpg

Ликот на Летиција денес скоро и да не е променет, освен бојата на косата која сега е руса.

Каде и да се појави, глумицата е ведра и насмеана. Но, вели дека животот не бил секогаш нежен со неа.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-05_copy.jpeg

Таа неодамна проговори за проблемот со кој се соочила кога била на врвот на својата популарност, па почнала да пие и да користи наркотици.

„Бев непромислена и зависноста за малку ќе ме одведеше во пеколот. За среќа, се оддалечив на време“ - рече таа во една прилика.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-08_copy.jpg

Во интервју раскажа и дека еднаш некој на забава ѝ ставил дрога во пијалакот и дека тоа било најтрауматското искуство што го доживеала.

Летиција беше мажена два пати - за Марко Лопез, а потоа и за адвокатот Хуан Коладо, кој е татко на нејзините синови. Тој пред неколку години беше уапсен под обвинение за организиран криминал.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-04_copy.jpg

Сепак, поттикната од Дауновиот синдром на својот син таа ја напиша книгата „Un angel en mi vida“ (Ангел во мојот живот) во која раскажува за неговите први пет години.

„Лусијано е мојот ангел и го сакам безусловно. Кога докторите ми ја кажаа неговата дијагноза, си реков дека не е важно бидејќи ќе имам дете. Не ми беше грижа.

Тој не е совршен, но да бидеме искрени, совршени луѓе не постојат. Секогаш е насмеан, не знае за лоши чувства. Благодарна сум на Бога за моите синови“ - рече во интервју Калдерон по промоцијата на книгата.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-07_copy_copy_copy.jpg

Глумицата вели дека добрата фигура ја одржува со редовно вежбање, па оди во теретана три пати неделно. Сака да готви традиционална мексиканска храна, a понекогаш на синовите им готви и арапски и јапонски специјалитети.

„Не сум од оние кои се плашат од своите години. Горда сум на нив и се чувствувам среќна“ - вели таа.

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-10_copy.jpg

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-12.jpg

se-izbori-so-zavisnost-sinot-so-daunov-sindrom-i-napolni-19-godini-shto-pravi-denes-esmeralda-11_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg