„Велиш дека парите не ти се важни, а носиш ѓердан што вреди милиони“ – Џорџина мета на критики заради изјава на телевизија

„Не знаете што да правите со милионите па затоа купувате скапи автомобили“, „Го зборува тоа додека носи дијамантски ѓердан потежок од неа“, „Дали знаеш што значи да работиш?“ – партнерката на Кристијано Роналдо, наиде на критики откако во емисија во живо рече дека таа и нејзиниот партнер не се материјалисти.

velish-deka-parite-ne-ti-se-vazhni-a-nosish-gjerdan-shto-vredi-milioni-djordjina-meta-na-kritiki-zaradi-izjava-na-televizija-01.jpg

Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез се подготвува за објавувањето на втората сезона од нејзиното шоу I Am Georgina на Нетфликс, каде открива детали за својот приватен живот, работата, децата и пријателите, па по тој повод гостуваше во емисија на шпанска телевизија.

На себе носеше скап накит и чанта, а една нејзина изјава наиде на голем број критики.

velish-deka-parite-ne-ti-se-vazhni-a-nosish-gjerdan-shto-vredi-milioni-djordjina-meta-na-kritiki-zaradi-izjava-na-televizija-05.jpg

Водителот на емисијата ѝ постави повеќе прашања за приватниот живот, а ја праша и што најчесто си подаруваат за родендени, имајќи предвид дека Роналдо е еден од најбогатите спортисти во светот.

„Годинава, тој ми го подари своето време. Мојот роденден речиси секогаш се поклопувал во период кога имало натпревари, па затоа мал број од моите родендени сум ги поминала со него. Последниот роденден го поминавме заедно, со нашите деца, со нашите семејства“ – рече таа.

velish-deka-parite-ne-ti-se-vazhni-a-nosish-gjerdan-shto-vredi-milioni-djordjina-meta-na-kritiki-zaradi-izjava-na-televizija-02.jpg

Водителот ја праша што му подарила таа на Кристијано, на што таа одговори:

„Тој воопшто не е материјалист. Ние не сме материјалисти“ – рече таа, на што водителот одговори: „Па не е материјалист, затоа што нема што не купил. Има сѐ...“

Прочитајте и Џорџина Родригез тврди дека не го троши богатството на Роналдо: „Парите си ги заработив сама“

velish-deka-parite-ne-ti-se-vazhni-a-nosish-gjerdan-shto-vredi-milioni-djordjina-meta-na-kritiki-zaradi-izjava-na-televizija-03.jpg

Корисниците на Твитер веднаш упатија критики до партнерката на Роналдо, затоа што сметаат дека нејзината изјава е смешна, а притоа ја потсетуваат на скапата колекција автомобили, патувањата, како и накитот што таа редовно го носи.

„Не знаете што да правите со милионите па затоа купувате скапи автомобили“,

„Го зборува тоа додека носи дијамантски ѓердан потежок од неа“,

„Дали знаеш што значи да работиш“,

„Хахаха... Сигурно се шегува. Само погледнете го нејзиниот Инстаграм, наликуваат на новопечени богаташи. Сѐ им е вештачко и глумат снобови, не се природни и човечни“,

„Мислев дека си попаметна“ – се само некои од коментарите упатени на нејзина сметка.

Само за потсетување, пред 2 години за роденденот на Џорџина, Роналдо ја однесе на семејно патување каде беше приреден специјален огномет за неа на Бурџ Халифа, а таа два последователни родендени му купува скапи автомобили.

Прочитајте и Приватен авион од 20 милиони за него и Џорџина, палата од 30 милиони за пензионирање – Како Роналдо го троши богатството?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg