Кога Роналдо честита роденден! Лицето на Џорџина се појави на Бурџ Халифа во Дубаи (видео)
- Детали
- петок, 28 јануари 2022
Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо ѝ подари уникатен роденденски подарок на неговата девојка Џорџина Родригез – на највисоката зграда во светот објави банер со нејзиното лице и ѝ посака среќен роденден.
По повод нејзиниот 28-ми роденден Роналдо ја однесе својата бремена девојка Џорџина Родригез на патување во Дубаи, а на Инстаграм објави видео на кое се гледа дека нејзиното лице беше објавено на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа.
Освен што беше на луксузно семејно патување, Џорџина за својот 28-ми роденден доби уште еден подарок - на Netflix беше објавен нејзиниот биографски филм насловен Soy Georgina.
Џорџина заедно со Кристијано и четирите деца заедно го следеа објавувањето на видеото за нејзиниот документарен филм, проектирано на Бурџ Калифа.
До видеото што го објави на социјалните мрежи Кристијано напиша:
„Среќен роденден љубов моја“.
Џорџина исто така објави повеќе фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, до кои напиша:
„Вака заврши овој возбудлив ден. Немам зборови... Благодарам, благодарам и благодарам Кристијано, не можеше да ме направиш посреќна на овој ден.“
За оваа порака се знае дека Роналдо одвоил поголема сума од сопствениот буџет, затоа најниската цена за објава на банер на кулата чини околу 67.000 американски долари.
Претходно, Роналдо објави уште една фотографија на која е заедно со неговите четири деца на плажа во Дубаи до која напиша:
„Јас сум горд татко“
Инаку, Џорџина во моментов е бремена со близнаци, а неодамна тие објавија дека очекуваат момче и девојче.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело