Приватен авион од 20 милиони за него и Џорџина, палата од 30 милиони за пензионирање – Како Роналдо го троши богатството?
- Детали
- сабота, 31 декември 2022
Вработил стилист кој секој месец ја менува фризурата на неговата восочна фигура во музејот во Мадрид, Џорџина носи еден од најскапите свршенички прстени меѓу познатите жени на фудбалери – Како Кристијано Роналдо ги троши милионите?
Кристијано Роналдо заработи 115 милиони долари во периодот од мај 2021-ва до мај 2022-ра година и се најде на третото место на спортистите со најголема заработка според Forbes.
Единствени спортисти што заработуваат повеќе од Роналдо се Леброн Џејмс и Роџер Федерер.
Важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот, а заработува и од рекламните кампањи и од големиот број следбеници, па така се проценува дека една објава на неговиот Инстаграм профил може да достигне цена од 1,6 милиони долари.
Понекогаш неговата партнерка Џорџина Родригез е тука за да сподели фотографии од нивниот луксузен начин на живот, а некогаш тоа го прави и самиот Роналдо со неговите објави на Инстаграм.
Скапи патувања, одмори, нови палати - како Роналдо ги троши милионите и на што не сака да штеди?
Сите знаат дека Роналдо има богата колекција автомобили, која до мај годинава се проценуваше дека вреди 24 милиони долари. Тој има повеќе автомобили Mercedes, Ferrari и екстремно реткиот McLaren Senna.
Во февруари 2021-ва година за својот 36-ти роденден се почести со Bugatti Centodieci, кој чини околу 12 милиони долари, а во светот има вкупно 10 вакви автомобили. Тој исто така поседува и други автомобили од истиот производител, а неговиот телохранител имаше сообраќајна несреќа додека управуваше со еден од нив во Мајорка.
Светските медиуми објавија дека во септември годинава, Роналдо го ставил на продажба својот приватен авион затоа што е премногу мал за неговото семејство.
Роналдо го купи авионот во периодот додека играше за Реал Мадрид по цена од 20 милиони евра, а Џорџина неодамна изјави дека ако не патува со приватен авион, воопшто не би тргнала на патувањето.
Познато е дека Роналдо има повеќе имоти во Португалија, како и синџир хотели CR7 во Њујорк, Лисабон, Париз, Маракеш и Мадрид.
Подолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





