Франческо Тоти: „Паднав во депресија кога почина татко ми, додека сопругата ме изневеруваше“

„Открив дека постои трето лице кое е посредник помеѓу Илари и другиот маж. И така добив докази за аферата. Тоа ме доведе до депресија“ - Поранешниот италијански репрезентативец и играч на „Рома“, Франческо Тоти, откри дека паднал во депресија кога дознал дека неговата сопруга Илари Блази го изневерува. Тоа се случило во време кога неговиот татко починал од ковид.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe--01.jpg

Легендата на „Рома“ 17 години беше во брак со позната водителка, но бракот пропадна кога фудбалерот објави дека ја завршува кариерата.

Тоти и Блази се венчаа во 2005 година и имаат три деца, Кристијан, Шанел и Изабел, но во јули 2022 објавија дека се разведуваат.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe-03.jpg

Иако многумина во тоа време веруваа дека фудбалерот ја изневерил сопругата со цвеќарката Ноеми Бочи, подоцна се покажа дека Илари го изневерувала него со фитнес тренерот Кристијано Јовино.

Брзо откако се дозна за аферата и разводот, Тоти се повлече од јавноста.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe-02.jpg

Неодамна во интервју тој првпат раскажа за најтешките денови од животот. Вели, во исто време татко му починал од корона, а додека му било најтешко, дознал за неверството на сопругата, па паднал во депресија.

„Преживеав тежок период. Прво затоа што престанав да играм, а потоа татко ми почина од Ковид“, пренесе „Pulse Sports“.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe-07.jpg

Спортскиот весник пишува дека Тоти тешко го поминал ковидот и дека тоа му биле едни од најтешките денови во животот.

„Имав силен ковид 15 дена. Но мојата сопруга не беше таму кога најмногу ми требаше. Не е точно дека јас бев првиот што изневерил.

Реков дека нема да зборувам и не зборував за тоа што се случуваше, но прочитав премногу измислици, а поради некои од нив и моите деца страдаа“, вели Тоти во интервјуто.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe-05.jpg

Тој раскажа и дека за аферата на сопругата дознал од блиски луѓе кои му кажале дека Илари има друг маж. Иако не сакал да верува, во еден момент почнал да се сомнева, па ѝ го проверил мобилниот телефон.

„Открив дека постои трето лице кое е посредник помеѓу Илари и другиот маж. И така добив докази за аферата. Тоа ме доведе до депресија.

Веќе не можев да се преправам дека ништо не се случува, но тоа веќе не бев јас, тоа беше некој друг. Излегов од депресијата благодарение на Ноеми“, вели Тоти.

franchesko-toti-padnav-vo-depresija-koga-pochina-tatko-mi-a-zhena-mi-ne-beshe-pokraj-mene-zashto-me-izneveruvashe-04.jpg

Франческо Тоти веќе не крие дека е во врска со Ноеми, која е 11 години помлада од него. Тие пред неколку месеци беа на летување, а друштво им правеше Шанел, ќерката на Тоти.

За потсетување, Тоти се пензионираше во 2017 година по трофејна кариера која траеше повеќе од две децении.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg