Франческо Тоти на плажа со 11 години помладата девојка, откако бившата го изневери со згоден фитнес тренер (фото)
- Детали
- сабота, 21 јануари 2023
Во текот на минатата година сите светски медиуми пишуваа за разводот на поранешниот италијански фудбалер Франческо Tоти и Илари Блази, а многумина коментираа дека причина за тоа е неговата афера со 11 години помлада девојка, за потоа да се дознае дека всушност сопругата имала афера со фитнес тренерот.
По 20 години брак и 3 деца, Франческо Тоти (46) се разведе од Илари Блази (41) и иако на почетокот сите го обвинуваа него за распадот на бракот, на крај се испостави дека причината за разводот е неверство, но дека фудбалерот не е тој што имал афера.
Италијанските медиуми пишуваа дека иако Франческо веќе отворено има врска со цвеќарката Ноеми Бочи (34), неговиот брак со убавата италијанска водителка почнал да се распаѓа претходно и тоа заради неверството на Илари со згодниот фитнес тренер Кристијано Јовино.
Наводно, Илари честопати одела на службени патувања во Милано каде се дружела со згодниот тренер, кој претходно имал врски со познати италијански инфлуенсерки.
Наводно, врската меѓу Илари и згодниот тренер траела околу една година, а Тоти ги видел пораките во телефонот што таа ги разменувала со новиот дечко и заради тоа одлучил да побара развод.
Тоти, во официјалното соопштение за разделбата со сопругата, рече дека се обидел да ги надмине кризите во бракот, но дека мора да се разведат.
Неодамна Тоти беше фотографиран на плажа во Мајами со новата девојка и со ќерка му Шанел.
Очигледно фудбалерот сака да продолжи понатаму со животот по скандалозниот развод со сопругата со која беше во брак од 2005-та година.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело