Шлаканица, плукање во скут – Светски шоубизнис скандали кои ја одбележаа 2022-ра година
6. Скандал со плукање на Венецискиот филмски фестивал
На Венецискиот филмски фестивал имаше еден скандал што веднаш се прошири на сите социјални мрежи.
На премиерата на филмот Don’t Worry Darling Хари Стајлс направи едно движење што наликуваше дека му плука во скутот на неговиот колега Крис Пајн. По ова следуваа извинувања и деманти, но видеото стана вистински хит.
7. Свадбата на Бритни – упадот на бившиот сопруг со нож
Откако во текот на 2021-ва година се ослободи од 13-годишното легално старателство Бритни Спирс годинава беше слободна да прави што сака, а тоа во главно вклучуваше објавување на голем број разголени фотографии и секако склучување брак со нејзиното момче Сем Ашгари.
Свадбата на Бритни беше настан на кој таа повторно размени страстен бакнеж со Мадона, ги пречека гостите во танга, а имаше и еден инцидент, кога нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Александар упадна со нож и мораше да биде задржан од обезбедувањето и уапсен.
8. Шлаканицата на Вил Смит на Оскарите
Годинава доделувањето на најпрестижните филмски награди – Оскарите помина речиси незабележително, но еден настан го украде вниманието.
Публиката долго ќе го помни моментот кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок заради неговата шега на сметка на алопецијата на Џејда Пинкет.
9. Ким Кардашијан го „оштети“ фустанот на Мерилин Монро
Мет гала е настанот на кој секоја година Ким Кардашијан блеска и доминира, а познатата ријалити ѕвезда не нѐ разочара ниту годинава.
Ким се појави во „голиот“ фустан на Мерилин Монро, а долго време потоа имавме можност да гледаме колку многу труд и напор таа морала да вложи за да успее да влезе во него. Таа се соочи со критики откако откри дека морала да ослаби за да може да го носи, а дополнително имаше коментари и дека го искинала и оштетила најскапиот фустан во светот.
10. Парализата на лицето на Џастин Бибер
Џастин и Хејли Бибер годинава ќе ја помнат по голем број здравствени битки.
Манекенката имаше мал мозочен удар, а по само неколку месеци пејачот со канадско потекло објави видео на Инстаграм во кое покажа дека мора да ја откаже турнејата затоа што има делумна парализа на лицето.
Џастин страдаше од редок Рамзи-Хант синдром, а со тек на времето неговата здравствена состојба значително се подобри.
Б. С. Б. | Црнобело