Бритни не престанува да се слика гола иако синовите се срамат од неа, а сопругот ја брани: „Таа само ужива во слободата“
- Детали
- четврток, 20 октомври 2022
„Драга Бритни си откачила. Баш си луда, но ајде сите сме луди на некој начин...“ – велат твитерџиите за најновата разголена фотка на Бритни Спирс. Што ѝ порачуваат македонските твитерџии?
Со месеци наназад се шират негативни коментари за разголените фотографии што Бритни Спирс (40) ги објавува на социјалните мрежи откако се ослободи од легалното старателство.
Нејзините синови јавно кажаа дека се срамат од тоа што мајка им го прави, но тоа не ја спречува познатата поп ѕвезда да продолжи да објавува непримерни содржини.
Бритни повеќе не е активна на Инстаграм, но, тоа не ја спречи на Твитер да објави фотографија на која е целосно гола, а само со дланката ги крие градите.
Познатата поп пејачка ја објави фотографијата два месеци откако нејзиниот поранешен сопруг даде интервју во медиумите во кое рече дека нејзините синови Џејден и Престон не сакаат да ја видат заради содржините што ги објавува на социјалните мрежи.
https://twitter.com/britneyspears/status/1582529873603534850
Прочитајте и Синот на Бритни за првпат се огласи за нејзините разголени фотки, а бившиот Кевин Федерлајн го брани татко ѝ
Нејзиниот сопруг, Сем Ашгари пак, застана во нејзина одбрана и рече дека тоа не се први тинејџери што се згрозени затоа што „мајка им шири пример за прифаќање на сопственото тело и дека се надева дека еден ден тие ќе сфатат дека тоа што мајка им го прави е безопасно и е нејзин начин да ја покаже новостекнатата слобода“.
По новата фотографија објавена на Твитер има голем број коментари. Твитерџиите се со поделено мислење: додека едни сметаат дека пејачката треба да ужива во новостекнатата слобода, други велат дека местото на овие фотографии е на веб страна за возрасни.
Меѓу големиот број коментари имаше и еден од Македонија, па на пејачката ѝ порачаа дека е „ладно и ќе настине“, додека другите твитерџии од Балканот ѝ велат:
„Драга Бритни си откачила. Баш си луда, но ајде сите сме луди на некој начин...“, „Не може никој да те докрајчи како семејството“...
Б. С. Б. | Црнобело