Синот на Бритни за првпат се огласи за нејзините разголени фотки, а бившиот Кевин Федерлајн го брани татко ѝ
- Детали
- понеделник, 05 септември 2022
Синот на Бритни Спирс изјави дека таа објавува разголени фотки за внимание и дека сигурно ќе продолжи со тоа, додека бившиот сопруг Кевин Федерлајн вели дека легалното старателство ѝ го спасило животот на пејачката и ѝ било неопходно.
Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, го сподели своето мислење за легалното старателство на пејачката и смета дека тоа ѝ го спасило животот.
Во ексклузивното интервју се вклучува и едниот од синовите на Бритни кој ги коментира нејзините разголени фотки.
Во интервју за телевизиското шоу 60 Minutes Australia, 44-годишниот поранешен танчар истакнува дека контролата на таткото на Бритни била неопходна и го оправдува легалното старателство.
„Потполно сум сигурен дека тоа ја спаси тогаш“.
За потсетување, Бритни откри дека додека траело старателството, била присилена да настапува и да заработува, присилно ѝ ставиле спирала за да не може да забремени, ја терале да пие секакви лекови, не ѝ дозволувале да ги троши своите пари и татко ѝ контролирал со кого ќе се дружи, па дури и со кого ќе зборува.
Кевин изјави дека тогаш не знаел никакви детали за легалното старателство и не бил вклучен во одлуката.
„Не знам како се одлучиле за легално старателство. Нејзините родители беа загрижени за Бритни и сакаа да направат сè што е во нивна моќ за да ѝ помогнат. Тоа беше сè што знаев“.
Кевин прозборе и за односот на Бритни со нивните заеднички синови – 16-годишниот Шон и 15-годишниот Престон.
Наводно, тие биле среќни што Бритни конечно ја добила својата слобода.
„Двајцата се среќни за неа. Бидејќи мајка им го доби тоа што го сакаше“.
Кевин вели дека иако Бритни е во лош однос со нејзините родители, нејзините синови би трбало да се блиски со баба им и дедо им.
„Тие се мои деца, најблиско семејство. Тие (мајката и таткото на Бритни) им се баба и дедо. Сметам дека е важно да имаат добар однос со нив, без разлика што ќе се случи“.
Во интервјуто се огласи и синот Џејден, кој исто така смета дека таткото на Бритни ѝ го мислел најдоброто на пејачката.
„Пробуваше да биде како секој друг татко, да ѝ помогне на ќерка си да стане суперѕвезда. Мислам дека луѓето не сфаќаат колку многу се грижи за неа“.
Во јуни годинава, Бритни се омажи за Сем Ашгари, но на свадбата не присуствуваа нејзините деца. Џејден откри и зошто:
„Многу сум среќен за нив. Но… таа не го покани целото семејство и ако отидевме само јас и брат ми, мислам дека ќе ја влошевме ситуацијата“.
Претходно, Кевин изјави дека синовите не отишле на свадбата бидејќи биле гневни поради разголените фотки на Бритни.
Џејден вели дека тоа не е причината, но дека фотографиите го загрижуваат.
Прочитајте повеќе: Бившиот сопруг на Бритни Спирс: „Нашите синови се срамат од нејзините разголени фотки, не сакаат да ја видат“
„Изгледа дека мора да објави нешто за да добие внимание. Ова се случува со години и можеби никогаш нема да престане“, открива младото момче.
Кевин вели дека Бритни ги нема видено синовите неколку месеци, а Џејден изјави дека навистина сака да ја види и да го подобри односот со неа.
Веднаш штом беше објавено интервјуто, фановите на Бритни остро го нападнаа Кевин, нарекувајќи го лажго кој само сака пари.
„Не треба да му верувате на овој маж. На Кевин најважни му се парите. Тој е една од причините за проблемите на Бритни. Тој само сака да заработува од неа. Не му е грижа за нејзината состојба“.
„Ова е лошо. Го оправдуваш легалното старателство. Сите вие украдовте милиони долари од Бритни. Ова е измама и ропство“.
„Кевин, го кажуваш ова бидејќи прави да се чувствуваш подобро во врска со твојата вклученост во легалното старателство. Ги искористија децата преку тебе за Бритни да остане заробена“.
Спирова С. | Црнобело