Продавање дрога, убиство: Познати личности кои имаат проблематични деца
- Детали
- недела, 16 јуни 2024
Синот на Џеки Чен беше обвинет за продажба на дрога, додека синот на Том Хенкс прегазил мажи додека возел под дејство на алкохол.
Не така ретко, познатите актери и музичари се проблематични личности.
Некои стануваат зависници, некои често имаат судир со законот, а некои прават и ужасни злодела, како силување.
Но, некогаш не се самите славни личности проблематични, туку нивните деца.
Дали бидејќи биле разгалени или, едноставно, почнале да се дружат со погрешни луѓе, децата на бројни познати личности им создавале многу главоболки на своите родители.
Дел од најпроблематичните деца на познатите:
Синот на Џеки Чен
Роден во 1982 година, Џејси Чен е пејач, но и актер како татко му. Или, барем сонувал да биде.
Џејси беше вмешан во продажба на дрога, а откако во неговиот стан во Пекинг беше пронајдено големо количество марихуана, тој беше уапсен.
Законите за дрога се многу построги во Кина, па Џејси можеше да се соочи со доживотен затвор, па дури и смртна казна.
Сепак, на крај доби шест месеци затвор.
Денес пробува да си ја подобри репутацијата, но според татко му, тој е најголемиот срам на неговото семејство.
Синот на Мајкл Даглас
Мајкл Даглас може да се пофали со неколку Оскари и четири Златни глобуси.
Од друга страна, неговиот син е трипати уапсен за дрога, а има заработено и 5-годишна казна затвор.
Имено син му Камерон беше уапсен додека продава метамфетамин во луксузен хотел во Менхетн, за што ја доби затворската казна.
Но, веројатно не си ја научил лекцијата бидејќи неговиот адвокат беше фатен како пробува да му донесе дрога во затворот.
Казната на Камерон беше продолжена на седум години, од кои две ги поминал во самица.
Наводно, сега планирал да напише книга за неговите искуства.
Синот на Том Хенкс
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, отсекогаш бил проблематичен, но ситуацијата кулминира во 2015-та, кога под дејство на алкохол прегази маж.
Покрај повредите на мажот, и Том Хенкс се соочи со проблеми бидејќи автомобилот бил регистриран на негово име.
По инцидентот, Чет отиде на рехабилитација, а потоа доби и помали улоги во филмови и серии.
Самиот има изјавено дека ќерка му е личноста која го мотивирала да се откаже од порокот.
Ќерката на Лоренс Фишберн
Монтана, ќерката на актерот најпознат по серијалот Matrix, одлучила да ги следи стапките на татко ѝ, но во порно индустријата.
Самата има изјавено дека со филмовите за возрасни се надевала дека ќе се прослави како што беше случајот со Ким Кардашијан.
Според некои извори, по објавувањето на секс снимката, Лоренс најмил приватни детективи за да ја контролира ќерка си.
Таа, пак, лажирала самоубиство за да му се одмазди.
Од објавувањето на секс снимката во раните 2010-ти, малку се знае за Монтана.
Единствено во 2017-та беше уапсена за возење под дејство на алкохол.
Синот на Николас Кејџ
Вестон Кејџ, синот на познатиот актер, зад себе има неколку судири со законот.
Во 2011-та, двапати беше уапсен за семејно насилство врз тогашната сопруга.
Истата година го нападнал неговиот личен тренер откако тој пробал да му даде совети за исхрана.
Имаше проблеми со дрога и алкохол и беше на рехабилитација, но потоа повторно беше уапсен за сообраќајка, но и за возење под дејство на алкохол.
Синот на Мартин Шин
Денес синот на Мартин Шин е попознат од него – веруваме дека и вие го знаете Чарли Шин.
Низ годините, актерот стана олицетворение на зборот „проблематичен“ и јавноста знае повеќе за неговите скандали отколку за неговите улоги.
Иако изгради успешна кариера, Чарли имаше проблеми со зависност од дрога, самиот кажуваше дека спиел со проститутки и имал неколку судири со законот.
Поради лошото однесување, тој беше и избркан од серијата Two and a Half Men.
Синот на Марлон Брандо
Еден од синовите на Марлон, Кристијан Брандо, е најпознат по неговото судење за убиство во 1990.
Имено, откако Кристијан дознал дека неговата полусестра е малтретирана од дечко ѝ, тој го застрелал и го убил.
Кристијан признал вина и помина пет години во затвор.
Во 2004 година, Кристијан повторно се судри со законот откако се појавија докази дека можеби бил вмешан во убиството на жена.
Исто така, неговата поранешна сопруга го тужеше за семејно насилство.
Тој почина во 2008 година од пневмонија.
Спирова С. | Црнобело