Први фотки од таткото на Бритни откако му ја ампутираа ногата – Пејачката не сака да му прости (фото)
- Детали
- среда, 13 декември 2023
Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше ампутирана ногата поради инфекција на коленото. Во меѓувреме, Бритни продолжува да објавува провокативни фотки и видеа и според извори блиски до неа, не планира да му прости на татко ѝ, без разлика колку му е влошено здравјето.
Дури и ако не следите што се случува во животот на Бритни, сигурно знаете дека пејачката не е во најдобар однос со нејзиниот татко.
Откако се ослободи од легалното старателство и откри дека татко ѝ всушност ја малтретирал и искористувал за нејзините пари, Бритни вели дека не планира да го подобри односот со него.
Неодамна, пак, татко ѝ Џејми имаше сериозна инфекција на коленото, по што му беше ампутирана ногата.
Според извор на TMZ, инфекцијата на коленото била толку лоша, што останал во болница неколку недели.
„Имаше пет неуспешни операции за спречување на ширењето на инфекцијата и лекарите одлучија дека единствениот лек е ампутација“, вели изворот.
Вчера (12.12), Џејми првпат се појави во јавност по ампутацијата.
На фотките тој излегува од автомобил, пред да седне во инвалидска количка.
Носи црни тренерки, а едната ногавица му е подврзана.
Кога јавноста дозна дека татко ѝ има сериозни проблеми со здравјето, многумина помислија дека Бритни можеби ќе му прости.
Но, пејачката стои на ставот дека нема да му прости на „мажот кој ај повредил на незамислив начин“.
Првите гласини дека можеби ќе му прости се појавија откако Бритни сподели фотка на Инстаграм на која покрај едниот син, се наоѓа и нејзиниот 71-годишен татко.
Сепак, извор близок до пејачката тврди дека не само што нема да му прости, туку планира и да ја продолжи судската битка против него за малтретирањето што го трпела.
„Нема никакви шанси дека Бритни ќе се смири со татко ѝ. Тој ја повреди на ужасен начин и без разлика што ќе се случи со неговото здравје, никогаш нема да му прости, без разлика дали е жив или мртов.
Единствената причина што Бритни објави фотка на која го има татко ѝ е бидејќи на неа беше син ѝ. Немаше никаква врска со нејзиниот татко, ниту неговите здравствени проблеми“.
Во своите мемоари, Бритни го опишува татко ѝ како „злобен, апатичен и студен“, а истакнува дека и кога била дете, била исплашена од него.
Легалното старателство што го имаше татко ѝ траеше 13 години и Бритни вели дека во тој период бил контролиран секој аспект од нејзиниот живот – дури и присилно ѝ била ставена спирала за да не може да забремени.
Во меѓувреме, Бритни продолжува да објавува провокативни фотки и видеа на Инстаграм.
Спирова С. | Црнобело