„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ја натерал Бритни да абортира

„Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот како ништо да не се случило“ – поддржувачите на Бритни Спирс упатија бројни критики кон Џастин Тимберлејк, кој сѐ уште не се огласил за тврдењата дека ја натерал да абортира кога имала 18 години, а споделува фотографии во кои покажува колку ја цени и почитува сопругата.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-01.jpg

Во својата книга Woman in Me, Бритни Спирс откри дека кога имала само 18 години останала бремена, а нејзиниот тогашен дечко, Џастин Тимберлејк, ја натерал да абортира и се чини дека пејачот оттогаш па наваму постојано е мета на критики.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-02.jpg

Џастин Тимберлејк и неговата сопруга Џесика Бил присуствуваа на отворањето на новото казино Fountainebleau во Лас Вегас, а тој имаше и свој настап, во рамки на кој ја испеа и песната Cry Me A River, за која се веруваше дека е посветена на неговата поранешна девојка Бритни.

„Не треба да ми кажеш што си направила, знам сѐ, тој ми кажа“ – вели во еден стих од песната, за која се верува дека алудира на неверството на Бритни со танчарот Вејд Робсон.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-03.jpg

Наводно, пред да почне да ја изведува песната, Џастин накратко рекол:

„Немам намера да навредам никого“.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-04.jpg

Подоцна тој на Инстаграм објави неколку фотографии на кои се гледа како по лудата забава во казиното ги носи чевлите на неговата сопруга и во описот напиша:

„Никогаш не би можел ниту една милја да изодам во нејзините чевли, но знаеме дека вечерта била одлична кога ѝ ги носам чевлите дома“.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-05.jpg

Иако намерата му била да покаже дека е посветен сопруг кој ја сака својата сопруга, Џастин пак се соочи со голем број критики од оние што не можат да му простат за тоа што ѝ го направил на Бритни:

„Во право си, не знаеш со колкав срам се соочува таа, затоа што останува со тебе и покрај сите скандали“;

„Дали такво нешто си ѝ кажал на Бритни?“;

„Оваа фотка сигурно е наместена, сигурно сите ние имаме по еден фотограф, што нѐ слика додека одиме кон хотелската соба“;

„Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот како ништо да не се случило, наместо да се извинат“;

„Секој може да згреши, но ова ми е тешко да го сварам. Ѝ аплаудирам на неговата сопруга што го прифаќа таков каков што е и со неговото минато. Но, тоа не значи дека треба да се заборави минатото. Тој треба отворено да се извини“ – стои во дел од коментарите.

sigurno-se-srami-zatoa-shto-ti-e-sopruga-djastin-timberlejk-meta-na-kritiki-otkako-se-dozna-deka-ja-nateral-britni-da-abortira-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg